• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Шпаркасе Банка – поддржувач на „Денови на австриската литература во Северна Македонија“

31 март 2022, 16:24
  • cподели

Здружението за регионален развој БАЛКАН ЕКОНОМИК ФОРУМ и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, на 31.3.2022 г. ја отворија манифестацијата „Денови на австриската литература во Северна Македонија“. На настанот говореа заменик-министерот за култура Даим Лучи, амбасадорот на Република Австрија д-р Георг Вутсас, директорката на НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје Јелисавета Костадинова и директорката на Австриската национална библиотека д-р Јоана Рахингер. Настанот се одржа во големата сала на Националната и универзитетска библиотека на Северна Македонија.

Шпаркасе Банка

Главната цел на настанот беше да се промовира австриската литература помеѓу релевантните чинители во Северна Македонија, со цел да се доближи австриската литература до пошироката јавност во Северна Македонија.

За првпат во историјата на Република Северна Македонија се воспостави формална и поблиска соработка помеѓу националните библиотеки на Северна Македонија и на Австрија преку потпишување Меморандум за соработка помеѓу двете институции. Истовремено, Националната библиотека на Австрија донираше книги од австриски автори, со што е збогатен постојниот книжевен фонд на Националната библиотека на Северна Македонија, а беа дел од изложбата што ќе биде отворена за јавноста до крајот на април.

Убедени сме дека овој проект ќе има значително влијание врз подигнување на интензитетот на соработката помеѓу институциите од културата и уметноста од Австрија и од Северна Македонија.

Шпаркасе Банка Шпаркасе Банка Шпаркасе Банка Шпаркасе Банка

Шпаркасе Банка се јавува како поддржувач на настанот преку фондацијата „Steiermärkische Verwaltungssparkasse“ од Грац, Република Австрија, и на тој начин дава свој придонес во афирмирање на австриската литература пред домашната читателска публика. Преземањето одговорност за општеството е во духот на основачката идеја на групацијата Steiermärkische Sparkasse уште од 1825 година и сите поддржани проекти кореспондираат со неа. Со години фондацијата инвестира во проекти од областа на културата и уметноста, социјалните работи, науката и истражување, финансиската писменост, младината и животната средина.

Tags
Шпаркасе Банка

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.