• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

„Шпаркасе Банка Македонија“ стана потписничка на глобалните Принципи за одговорно банкарство

8 декември 2020, 10:29
  • cподели

„Шпаркасе Банка Македонија“ АД Скопје стана официјална потписничка на Принципите за одговорно банкарство на ООН – единствена рамка за одржливост во банкарската индустрија, развиена преку иновативно партнерство помеѓу банките ширум светот и Финансиската иницијатива на Програмата за животна средина на Организацијата на Обединетите Нации.

Шпаркасе Банка

Преку принципите за одговорно банкарство, кои се веќе потпишани од 200 банки, меѓу кои и „Шпаркасе Банка Македонија“, се дефинира улогата и одговорноста на банкарската индустрија во обликувањето на одржлива иднина и усогласување со Целите за одржлив развој на ООН и Парискиот климатски договор од 2015 година. Принципите, исто така, нудат подеднакво важна можност банката да вгради стабилност во сите свои деловни области и да воочи каде има потенцијал да постигне најголем ефект со своите придонеси за да дојдеме до одржлив свет. Истовремено, преку нив банката се позиционира на начин на кој може да искористи и нови деловни можности во зачетоците на одржливата развојна економија.

Одржливоста веќе е дел од деловната стратегија на Банката, во која јасно е дефинирана одговорноста на Банката не само во своите главни банкарски активности, туку и одговорноста во односите со нашите клиенти, вработени, акционери и заедницата.

Глигор Бишев, Генералниот извршен директор, изјави: „Шпаркасе Банка Македонија е еден од пионерите во развојот на општествена одговорност во Република Северна Македонија. Како дел од водечка банкарска групација, ги следевме најдобрите примери и практики од матичната банка - Steiermaerkische Sparkasse од Грац, Австрија, и ги вградивме основите на одговорното банкарско работење во нашата главна деловна стратегија. Преку воспоставување одржливи практики и овозможување економски активности што создаваат просперитет за сегашните и идните генерации, ќе придонесеме за остварување на целите на општеството. Банката ќе стане уште поуспешна при спроведување на принципите преку следење на Финансиската иницијатива на Програмата за животна средина на ООН, и преку цврсти заложби за зголемување на нашето позитивно влијание и намалување на негативните влијанија врз луѓето и животната средина што се резултат на нашите активности, производи и услуги“.

„Шпаркасе Банка Македонија“, како банка потписничка, се обврзува да ги преземе трите чекори за подобрување на својот ефект врз општеството и животната средина, имено: анализа на сегашниот ефект врз населението и планетата, поставување цели во области каде што банката може да постигне најзначаен ефект и јавно известување за напредокот.

Повеќе информации за Принципите за одговорно банкарство може да најдете тука: www.unepfi.org/responsiblebanking

Комерцијален текст

Tags
Шпаркасе Банка

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.