Шпанскиот заводник се заљуби: Марио Касас со девојката Мелиса Пинто на патување во Намибија
Марио Касас веќе една година е лудо вљубен, но својата љубовна приказна ја чува подалеку од јавноста.
Шпанскиот заводник, кој се прослави со улогата во „Три метри над небото“, е во врска со Мелиса Пинто, со која често патува низ светот.
Двојката неодамна уживаше во егзотично патување во Намибија. Иако ги изоставија заедничките фотографии, нивните Instagram објави открија дека биле на истите места и ги споделувале истите искуства.
Наместо директно да ја покажуваат врската, Марио и Мелиса суптилно објавуваат кадри од истите авантури, давајќи им до знаење на следбениците дека уживале заедно.
Марио и Мелиса се заедно нешто повеќе од една година.