Совршено усогласени во црно: Амал Клуни заводлива во припиена креација, Џорџ со Златен лав во Венеција
Џорџ и Амал Клуни ги заробија сите погледи со појавувањето на свеченото отворање на 83-тото издание на Филмскиот фестивал во Венеција.
Познатиот холивудски пар заведуваше во совршено усоглесени стајлинзи на црвениот тепих. 48-годишната адвокатка блесна во припиена креација од Том Форд која совршено ја истакна нејзината фигура. Својот изглед, Амал го надополни со црни салонки и мала чантичка.
65-годишниот Џорџ Клуни изгледаше елегантно во црн смокинг, бела кошула и црна машна. Тој игриво се фотографираше со фоторепортерите и за момент застана зад објективот.
Но, вечерта во Венеција за Џорџ имаше и посебно значење. Актерот беше одликуван со престижниот Златен лав за животно дело, признание за неговата повеќедецениска кариера во филмската индустрија.
Поврзаноста на Џорџ со Филмскиот фестивал во Венеција трае со децении. Тој за првпат пристигна на фестивалот во 1998 година со филмот „Out of Sight“, а низ годините таму биле прикажани и некои од значајните остварувања во неговата кариера, меѓу кои „Michael Clayton“, „Burn After Reading“, „Gravity“ и „Good Night, and Good Luck“.
Џорџ и Амал стапија во брак во 2014 година, а се родители на близнаците Ела и Александар.