Совршен микс од Мама и Тато: Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит ги „полуде“ фановите во музички спот
Шајло Џоли е жива потврда за моќта на генетиката со тоа што е совршен визуелен микс од нејзините славни родители, Анџелина Џоли и Бред Пит.
Младата девојка привлече огромно внимание и предизвика вистинска лавина од реакции на социјалните мрежи откако се појави во музичкиот спот за новиот сингл „What’s a Girl to Do“ на изведувачката Dayoung. Обожавателите не останаа имуни на нејзиниот впечатлив изглед, во кој беспрекорно се преплетуваат најубавите карактеристични црти на двајцата холивудски актери.
Покрај убавината, Шајло во видеозаписот самоуверено го покажува и својот талент за танцување, претставувајќи ја пред светот својата најголема страст на која ѝ се посветува веќе неколку години наназад.
Интересно е што нејзиното учество во спотот дошло преку отворена аудиција во САД, организирана од Starship Entertainment. Оттаму открија дека воопшто не знаеле којa е таа додека не била избрана во финалниот круг.
„Дури по снимањето дознавме дека станува збор за ќерка на Анџелина Џоли и Бред Пит“ – изјавиле од продукцијата, нагласувајќи дека била избрана исклучиво поради нејзиниот талент.
Шајло, која е едно од трите биолошки деца на Џоли и Пит, веќе подолго време го гради својот пат во светот на танцот, а нејзините видеа редовно стануваат вирални на социјалните мрежи.
Анџелина и Бред се разделија во 2019 година.