• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Лице

SOS: Итна помош против мозолчиња

25 јануари 2011, 12:15
  • cподели

Појавувањето на мозолчиња на лицето е кошмар за повеќето луѓе, особено ако се случи непосредно пред голем настан. Светот на козметиката нуди илјадници производи кои ветуваат брзо отстранување на несаканите црвени точки. Но, понекогаш најефективните третмани се токму оние направени дома.

ЛицеСо помош на коцка мраз можете да ја ублажите иритацијата на мозолчето, а со паста за заби да го забрзате неговото сушење.

Кога сакате да го минимизирате непријатниот изглед на акните преку ноќ, можете да се послужите со некој од следниве брзи трикови за намалување на подуеноста, црвенилото и иритацијата:

  1. Мед и цимет. Измешајте половина лажичка мед и ¼ лажичка цимет во прав. Со помош на чепкалка за уши нанесете од смесата на мозолчето. За најдобар ефект, залепете мал фластер и оставете го медот да делува во текот на ноќта. Наутро измијте го лицето со млака вода. Медот и циметот ќе ја намалат иритацијата и значително ќе ја редуцираат видливоста на проблематичното мозолче.
  2. Мраз и паста за заби. Ставете коцка мраз на проблематичното место две минути, тргнете ја околу 30 секунди и потоа држете ја уште 2 минути. Ако не можете да поднесете мраз директно на кожата, завиткајте ја коцката во мала тенка крпа. Нанесете малку паста за заби на мозолчето. Оставете ја пастата на лицето преку ноќ. Таа помага ем побрзо да се исуши мозолчето, ем да не остане непријатна лузна. Запомнете да не ставате паста на другите делови од лицето, затоа што ја суши кожата.
  3. Алое вера и масло од чајно дрво. Измешајте неколку капки масло од чајно дрво со гел од алое вера. Нанесете од смесата директно на мозолчето и оставете ја да делува преку ноќ. Наутро измијте го лицето со ладна вода.
  4. Кесички од зелен чај. Натопете кесичка од зелен чај со вода и поставете ја на мозолчето. Оставете ја да делува 10-20 минути, а потоа измијте го лицето со млака вода.
  5. Аспирин. Внимание: Не го правете ова ако се сомневате дека сте алергични на аспирин! Издробете една таблета аспирин и додајте малку вода за да направите паста. Нанесете од пастата на мозолчето и оставете ја да делува 15 минути. Потоа, измијте со вода. Аспиринот значително ќе го намали црвенилото.
  6. Сода бикарбона. Измешајте мало количество сода бикарбона и неколку капки вода. Нанесете од смесата директно на проблематичното место и оставете да делува 20-30 минути. Тоа ќе ви помогне побрзо да се исуши мозолчето.
  7. Краставица. Краставицата е одлична за ефективен домашен третман на акни и црнки на лицето и телото. Изрендајте краставица и ставете ја на лицето како маска. Релаксирајте се околу половина час, а потоа измијте го лицето со вода. Краставицата на природен начин го чисти лицето од вишокот на маснотии, ја освежува кожата и ја намалува иритацијата.
  8. Компир. Изрендајте сиров компир и нанесете го на лицето. Отстранете го по половина час. Компирот има антивоспалително дејство.
  9. Кора од портокал. Особено популарен домашен третман против акни е оној со кора од портокал. Едноставно земете мало парче од кората, изрендајте го, а потоа и изгмечете го за да излезе малку течност. Нанесете ја смесата на мозолчето, залепете одгоре фластер и оставете да делува 2 часа. Доколку немате толку време, нанесете ја изгмечената кора од портокал на мозолчето, легнете и релаксирајте се околу 15 минути.
  10. Сок од домат и лимета (зелен лимон). Измешајте 2 лажички сок од зелен лимон со половина мелен домат. Со помош на четка или со памучен тампон нанесете ја смесата на лицето и оставете ја да делува 15-20 минути. Измијте го лицето со ладна вода.
Tags
акни
мозолчиња

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.