• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Соковите ВИВА го привлекоа вниманието на Ануга 2015

13 октомври 2015, 13:00
  • cподели

Најголемиот македонски производител на природни овошни сокови, нектари и пијалаци, компанијата Вивакс, успешно се претставува на најпознатиот саем во оваа индустрија - Ануга 2015, што се одржува во Келн, Германија.

Целосниот асортиман под брендот Вива го привлече вниманието на експертите од прехранбениот сектор на саемот кој што се одржува еднаш на две години. Ануга е најзначајниот и најголемиот саем за храна во Европа, но и во светски рамки, а Вива е првата компанија за производство на сокови од Македонија која се претставува на оваа исклучителна манифестација што ги собира релевантните производители, добавувачи, дистрибутери и сите битни компании во прехранбената индустрија.

Вива Вива

„Покрај новите партнерства и бизнис врски, контакти за присуство на нови европски и светски пазари, изложувањето на производите е од исклучително значење и затоа што градите и препознатливост на брендот кон професионалците од овој сектор. На големите саемски манифестации, а Ануга е најголема од овој вид, освен на промотивните активности, насочени сме и кон размена на искуства и информации за последните трендови во прехранбената индустрија “, изјави Тања Атанасова, маркетинг менаџер на Вивакс.

Саемот Ануга се одржува по 33-ти пат и е познат како глобална точка каде се сретнуваат сите значајни фактори во прехранбената индустрија, менаџери, трговци и сопственици на големи продажни ланци, водечки импортери како и добавувачи за големи компании. Статистички, на саемот Ануга, во просек, има околу 6.000 изложувачи од стотина земји, а изминатата година бил посетен од 150.000 посетители. Квалитетот на содржината, како и меѓународниот фокус, се главните атрибути на оваа саемска манифестација.

Вива Вива

Високиот квалитет, извонредниот вкус и атрактивниот дизајн на широката палета производи под брендот Вива и овој пат го привлекоа вниманието на посетителите, а се остваруваат и повеќе иницијални контакти со сериозен потенцијал за идна соработка.

Најнови

  • Авантуристички пар: Мартинијан Кириловски на патување во Рим со девојката Лара

    Tue, 04/28/2026 - 09:19
  • Нина Ангеловска со семејството

    Мали радости покрај море: Нина Ангеловска со сопругот и синчето во Порто Монтенегро

    Tue, 04/28/2026 - 08:55
  • Сања Ѓорѓева со децата

    Сања Ѓорѓева (Dr. Goodnight): „Ниту родителството, ниту спиењето не одат секогаш ‘по книга’ и токму во тоа е убавината“

    Mon, 04/27/2026 - 21:20
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.