• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Шокантно признание на Кајли Миног: Тајно се борела со рак по вторпат, одложувала хемотерапии за да добие дете со инвитро

20 мај 2026, 09:09
  • cподели

Кајли Миног го шокираше светот со искреното признание дека по вторпат тајно се борела со рак во 2021 година. Дијагнозата цели пет години ја криела од јавноста, а сега одлучи да ја сподели.

Во емотивната исповед во нејзиниот нов Netflix документарец „KYLIE“, 57-годишната пејачка призна дека во еден период била целосно скршена и дека не сакала ни да излегува од дома.

„Мојата втора дијагноза на рак беше во 2021 година. Овој пат успеав да го задржам тоа за себе, за разлика од првиот пат кога секој мој чекор беше следен“ – вели Кајли низ солзи.

Музичката ѕвезда долго време се обидувала да најде вистински момент за да им каже на обожавателите за болеста, но не била психички подготвена за тој чекор.

„Не се чувствував обврзана да му кажам на светот. Едноставно не можев тогаш, бидејќи бев целосно скршена. Во еден момент не сакав ни да ја напуштам куќата“ – призна таа.

Особено емотивно е што во истиот период Кајли го доживеа и големиот музички камбек со хитот „Padam Padam“, песна која стана светски феномен и ѝ донесе Греми. Но зад сцената, таа продолжувала да ја води тешката животна битка.

„Однадвор сè изгледаше совршено, но одвнатре знаев дека ракот не е само краток период во мојот живот“ – вели пејачката.

Кајли откри и дека песната „Story“ од албумот „Tension“ всушност била инспирирана од нејзината втора битка со болеста. Во стиховите таа пее: „Имав тајна што ја чував за себе“.

Кајли првпат се соочи со рак на дојка во 2005 година, кога имаше само 36 години. Тогаш беше принудена да ја прекине турнејата и да се повлече од настапите за да започне лекување.

Во документарецот открива и дека тогаш дури ја одложила хемотерапијата за да се обиде да стане мајка преку ин витро оплодување.

„Имав 36 години и веќе размислував за деца. Се обидов неколкупати. Дури и ја одложив хемотерапијата за да се обидам, што беше страшно затоа што сакав ракот веднаш да биде отстранет, да исчезне“ – раскажа Кајли.

За жал, обидите не биле успешни. Во емотивна сцена, таа прочита писмо кое му го напишала на своето неродено дете додека минувала низ целиот тој процес.

Денес, Кајли вели дека е добро и дека е благодарна што ракот бил откриен навреме.

„Раното откривање многу помогна и благодарна сум што денес можам да кажам дека сум добро“ – рече таа.

Tags
Кајли Миног

Најнови

  • Гените се чудо: 21-годишната ќерка на Моника Белучи магнет за погледи на ревија на Диор

    Wed, 05/20/2026 - 20:27
  • Женствена и во костум: Нина Бадриќ зрачи со самодоверба и софистицираност во Загреб

    Wed, 05/20/2026 - 11:10
  • „Требаше домот да биде полн со музика, да ти кажам колку си убава“: Таткото на Надица која загина во „Пулс“ скршен на денот на нејзината матура

    Wed, 05/20/2026 - 09:55
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.