• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Шокантна и моќна кампања за загадувањето со пластика

23 мај 2018, 11:07
  • cподели

Новата кампања на „National Geographic“ цели да ни ги отвори очите и да нè натера да ја намалиме употребата на пластика.

Оваа иницијатива за покревање на свеста е насловена „Планета или пластика?“, а многумина ја опишуваат како генијална и моќна.

Познатото списание преку шокантни факти и информации ги пренесува застрашувачките последици од нашата зависност од пластика, а голем акцент е ставен на пластичниот отпад кој завршува во океаните.

Насловната страница привлече големо внимание, бидејќи најпрво на фотографијата изгледа како да е прикажана санта мраз, но тоа всушност е пластична кеса која плови во океан.

National Geographic

Списанието сподели и 10 шокантни факти:

  • Повеќе од 5 трилиони парчиња пластика веќе пловат во нашите океани.
  • Во светот, 73 проценти од ѓубрето на плажите е пластика: филтри од отпушоци, шишиња, капачиња од шишиња, обвивки од храна, кеси за пазарување и кутии за храна од полистирен.
  • Светското производство на пластика експоненцијално се зголеми од 2,3 милиони тони во 1950, на 162 милиони тони во 1993, на 448 милиони тони во 2015 година.
  • До 2050 година, речиси секој вид на морска птица на планетата ќе јаде пластика.
  • Од 2015 година, генериран е пластичен отпад од над 6,9 милијарди тони. Околу 9 проценти од него е рециклиран, 12 проценти е согорен, а 79 проценти е акумулиран во депонии или се наоѓа во животната средина.
  • Ширум светот, во секоја минута се продаваат речиси милиони пијалаци во пластични шишиња.
  • Проценката за долготрајноста на пластиката се движи од 450 години до вечно.
  • Најголемиот пазар за пластика денес се материјалите за пакување. Ѓубрето кое произлегува од тоа изнесува речиси половина од целиот пластичен отпад генериран на глобално ниво – поголемиот дел никогаш не се рециклираат или согоруваат.
  • Околу 700 видови на морски животни досега имаат изедено или се имаат заробено во отпад од пластика.
  • Повеќе од 40% од пластиката е употребена само еднаш и потоа фрлена.
National Geographic National Geographic National Geographic National Geographic National Geographic National Geographic National Geographic National Geographic National Geographic National Geographic National Geographic National Geographic National Geographic National Geographic
Tags
National Geographic

Најнови

  • Наташа Андонова

    Најдобрата македонска голгетерка Наташа Андонова за фудбалот: „Имаше коментари ‘Ова не е за девојчиња’“

    Sat, 03/07/2026 - 17:54
  • Кога рестрикциите создаваат нови проблеми: искуствата од Европа

    Sat, 03/07/2026 - 15:34
  • Маја Ацевска, претседателка на Кризниот центар „Надеж“

    „Кога жртвата еднаш ќе се разочара, често се повлекува и останува сама“: Маја Ацевска за семејното насилство

    Fri, 03/06/2026 - 23:10
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.