• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Убавина и мода

„Soft glam“ е апсолутен хит: Мејкап артистката Симона Салтирова ни ги открива најактуелните трендови кај матурантките

13 мај 2026, 21:00
  • cподели
Симона Салтирова

Сезоната на матурските прослави е пред самиот праг, а возбудата кај матурантките од ден на ден сѐ повеќе расте. Избраната модна креација најчесто е веќе подготвена, но вистинската магија која го комплетира целокупниот изглед секогаш се крие во финалните детали како шминката, фризурата и аксесоарите. За да им помогнеме на славеничките да го стигнат до вистинскиот избор, се консултиравме со упатена експертка во сферата. 

Симона Салтирова со задоволство ни ги открива најактуелните матурски трендови годинава. Како една од најбараните шминкерки кај младите девојки, со долгогодишно искуство и префинето чувство за естетика, таа за Фемина споделува дека оваа сезона апсолутен хит е „soft glam“ изгледот – блескава кожа, нежни земјени тонови, природен сјај и елегантни фризури со меки бранови, но и дава супер совети за совршен изглед за матура.

Симона Салтирова

Кои се најактуелните мејкап трендови за матурите оваа сезона?

Оваа сезона најактуелен е „soft glam” изгледот — свежа и блескава кожа, нежни земјени тонови и природно нагласени црти на лицето. Сè повеќе се бара шминка што изгледа елегантно, модерно и лесно, без тежок ефект.

Дали матурантките повеќе се одлучуваат за природен изглед или понагласена шминка?

Во последно време матурантките повеќе се насочени кон природен „glam“ изглед. Сакаат да изгледаат средено и впечатливо, но сепак да се препознаат себеси. Понагласената шминка сè уште е присутна, но во многу пософистицирана варијанта.

Шминка на Симона Салтирова
Шминка на Симона Салтирова

Кои фризури се најбарани сега?

Најбарани се меките локни со волумен, „soft waves”, елегантни „ponytail“ фризури и ниски пунџи со природен изглед. Девојките најчесто бараат фризури што изгледаат гламурозно, а воедно се удобни и траат цела вечер.

Фризура и шминка на Симона Салтирова
Фризура на Симона Салтирова
Фризура на Симона Салтирова
Фризура на Симона Салтирова

Како да се усогласи шминката со фустанот и целокупниот изглед?

Најважен е балансот. Ако фустанот е впечатлив и богат со детали, тогаш препорачуваме понежна шминка и почиста фризура. Доколку изгледот е минималистички, може да се додаде посилен „glam“ акцент преку шминката или косата.

Што е најважно за шминката да трае цела вечер?

Добрата подготовка на кожата е клучна. Кога кожата е правилно хидрирана и шминката е професионално поставена со квалитетни производи, резултатот останува свеж и долготраен во текот на целата вечер.

Кои се најчестите грешки кај младите кога станува збор за шминка и коса?

Најчесто се претерува со производи или се следат трендови кои не одговараат на личниот стил и црти на лицето. Најубав изглед е оној што ја истакнува природната убавина, а не целосно ја менува.

Дали има разлика во трендовите кај различни типови лице и коса?

Секако. Секој изглед треба да биде индивидуално прилагоден. Истата шминка или фризура не изгледа идентично кај сите, па затоа секогаш внимаваме што најдобро одговара на формата на лицето, текстурата на косата и целокупниот стил.

Шминка на Симона Салтирова

Што би им советувале на матурантките кои сакаат да изгледаат модерно, но не пренападно?

Да изберат елегантен и „timeless“ изглед. Природен „glow“, добро стилизирана коса и внимателно одбрани детали секогаш изгледаат најубаво и остануваат модерни без разлика на трендовите.

Колку е важна пробната шминка и фризура пред матура?

Пробната шминка и фризура се многу важни, бидејќи помагаат однапред да се усогласи целиот изглед и да се избегне несигурност на самиот ден. Така, и клиентот и артистот имаат јасна визија за финалниот резултат.

Шминка на Симона Салтирова

Даница Караташова Илиоска / Femina.mk
 

Tags
Симона Салтирова

Најнови

  • Симона Салтирова

    „Soft glam“ е апсолутен хит: Мејкап артистката Симона Салтирова ни ги открива најактуелните трендови кај матурантките

    Wed, 05/13/2026 - 21:00
  • Леон во Острог

    „Ти благодарам што го чуваш“: Амела со благодарност до Св. Василиј Острошки откако Леон прозборе по нејзина посета на Острог

    Wed, 05/13/2026 - 18:30
  • Бести

    Бести доаѓа со серијал што руши табуа: dm продолжува со едукација и поддршка на младите девојки

    Wed, 05/13/2026 - 14:37
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.