• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Со ваша помош dm донира 448.730 денари за набавка на пакети со храна за социјално загрозени сограѓани

30 ноември 2024, 13:09
  • cподели

Додека купувачите ширум светот се подготвуваа за најлудите попусти на познатиот Black Friday, вие се подготвивте за неверојатен шопинг и учество во хуманитарна активност заедно со вашите омилени dm дрогерии!

Најголемиот европски дрогериски ланец, шеста година по ред наместо попусти, го обои овој петок во розово и донираше 5% од вкупниот дневен промет остварен тој ден во хуманитарни цели. На 29 ноември 2024 година со помош на купувачите, dm успеа да собере 448.730 денари за хуманитарни цели. Имено, собраните средства ќе бидат искористени за набавка на пакети со храна за социјално загрозени сограѓани, кои ќе бидат дистрибуирани преку хуманитарната организација „Свети Спас“.

Giving is the new black

„Многу сме среќни што оваа наша иницијатива станува сѐ попозната во нашата заедница и сите со нетрпение ја очекуваат бидејќи шеста година по ред успешно продолжуваме да го шириме духот на добрината и солидарноста. Секој купувач кој учествуваше во оваа иницијатива е дел од нешто поголемо – дел од промената. На овој ден, ние не само што се обединуваме за да помогнеме, туку и создаваме заедничка свест за важноста на помагањето. Заедно можеме да направиме разлика и да покажеме дека добрината е наша најсилна страна!“ – изјави Кристина Дуранска, менаџер за маркетинг и комуникации во dm.

Започнувајќи од 2019 година, општествено-одговорната компанија dm под слоганот „Giving is the new black“ ја спроведува оваа активност во нашата земја, при која секој Black Friday, наместо попусти, компанијата им нуди можност на своите купувачи да се вклучат во една филантропска активност, во која компанијата донира 5% од вкупниот промет од сите dm дрогерии остварен на овој ден во хуманитарни цели!

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.