Со тегови како мама: Бодибилдерката Мери Акиевска сними фотосесија со ќеркичката во мини теретана
Повеќе од еден месец по породувањето, Мери Акиевска сподели со своите следбеници фотосесија со малата ќеркичка Срна.
Трикратната светска шампионка во бодибилдинг позираше со бебето во нежен амбиент со цвеќиња, а на дел од фотографиите Срна лежи на мини клупа за вежбање, опкружена со тегови „како мама“.
Фотографиите се дело на Photo Factory.
Претходно, Мери со сопругот Филип Шики Митровски беа на одмор со бебенцето.
Мери и Филип стапија во брак во март годинава, токму на нејзиниот 27. роденден, а веста дека очекуваат бебе ја споделија за Нова година.

За време на бременоста, во интервју за Фемина, Мери зборуваше за моментот кога дозна дека е бремена.
Бебко ни беше плански, само што не очекувавме дека толку брзо ќе се оствари посакуваното. Точно 30 септември беше тој среќен ден кога ги видовме двете цртки на тестот.
Не успеав да му направам посебно изненадување на сопругот, бидејќи додека бев во тоалет и се појавија цртките, тој ме побара на камера и сè дојде изненадувачки во ист момент и за двајцата. Не ни беше верно што се случи, па дури направив уште пет теста, а и проверка преку крвна слика. Тогаш конечно се уверивме дека ќе се оствариме како родители - сподели таа.
