Софија Вергара мамеше воздишки на гала-вечерата на Академскиот музеј во Лос Анџелес.
На свеченоста, 54-годишната актерка блесна во креација на Ели Сааб, која ги нагласува женските облини.
Раскошниот фустан од колекцијата висока мода за сезоната пролет 2025 ги спои гламурот, цветните мотиви и впечатливите светкави детали. Посебен впечаток оставаат виолетовите цветни апликации, распоредени на едното рамо и во долниот дел од фустанот, како и зелените везени мотиви кои се протегаат долж силуетата.