• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Со љубов за секој дом: Бимилк поддржа 120 згрижувачки семејства по повод Светскиот ден на млекото

1 јуни 2026, 13:08
  • cподели
Донација на Bimilk

По повод Светскиот ден на млекото, Бимилк донираше млеко на 120 згрижувачки семејства во Пелагонискиот и Југозападниот регион, испраќајќи порака за грижа, поддршка и солидарност кон семејствата кои секојдневно обезбедуваат топол дом за децата на кои тоа им е најпотребно.

Донацијата беше реализирана преку Центарот за поддршка на згрижувачки семејства Битола при ЈУ Дом за доенчиња и мали деца – Битола, во период кога се одбележува и Денот на згрижувачките семејства.

Со оваа донација, Бимилк уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон семејството и заедницата - вредности што со години се вградени во брендот и во неговата традиција на поддршка. Како бренд присутен на семејните трпези и во секојдневието на многу генерации, Бимилк го одбележа овој ден со гест што ги поврзува квалитетот, грижата и хуманоста, препознавајќи ја важната улога на згрижувачките семејства кои секојдневно обезбедуваат љубов, сигурност и топол дом за децата.

Донација на Bimilk

„За нас, млекото е многу повеќе од производ, тоа е симбол на грижа, доверба и квалитет со кој растат генерации. Бимилк со децении е дел од семејните трпези и секојдневните навики, а таа доверба нè обврзува не само да создаваме производи со постојан квалитет, туку и да ја возвратиме поддршката кон заедницата. Традицијата на донирање и помагање ја градиме со истата посветеност со која ги создаваме нашите производи, одговорно, искрено и со внимание кон оние на кои поддршката им е најпотребна. Токму затоа, по повод Светскиот ден на млекото, сакавме да бидеме блиску до згрижувачките семејства кои секојдневно подаруваат љубов, сигурност и топол дом. Веруваме дека вистинската вредност на еден бренд се мери и преку доброто што го остава во заедницата,“ изјави Полексена Јанкуловска, Маркетинг менаџер на Бимилк.

Донација на Bimilk

Од Центарот за поддршка на згрижувачки семејства Битола при ЈУ „Дом за доенчиња и мали деца - Битола“ упатија благодарност за донацијата:

„Центарот за поддршка на згрижувачки семејства Битола при ЈУ, Дом за доенчиња и мали деца-Битола изразува искрена благодарност за донацијата и поддршката од компанијата, Бимилк по повод 1 Јуни - Денот на млекото, а и Денот на згрижувачките семејства. Вашиот хуман гест претставува значајна помош и силна порака дека заедницата ги препознава и вреднува семејствата кои со љубов, грижа и посветеност им обезбедуваат топол дом на децата на кои тоа им е најпотребно. Со вашата поддршка покажувате вистинска општествена одговорност и придонесувате кон создавање подобри услови и посреќно детство за многу деца. Воедно, упатуваме повик и до останатите компании, организации и општествено одговорни субјекти да го следат овој пример и да се вклучат со донации и поддршка за згрижувачките семејства. Заедно можеме да направиме голема разлика и да обезбедиме повеќе љубов, сигурност и надеж за секое дете! Уште еднаш, од името на сите згрижувачки семејства во нашиот регион,  благодарност за Вашата хуманост и поддршка”.

Донација на Bimilk

Бимилк и понатаму ќе продолжи да поддржува активности насочени кон семејствата и заедницата, со фокус на иницијативи што носат вистинска вредност таму каде што е најпотребна.

Tags
Bimilk

Најнови

  • Okta

    ОКТА продолжува со мерките за поддршка на домашниот пазар: Компанијата воведува попуст од 2 денари за бензините

    Mon, 06/01/2026 - 13:12
  • Донација на Bimilk

    Со љубов за секој дом: Бимилк поддржа 120 згрижувачки семејства по повод Светскиот ден на млекото

    Mon, 06/01/2026 - 13:08
  • Дизниленд, Ајфеловата кула... Миро Кацаров со сопругата Ивана и малите деца на патување во Париз

    Mon, 06/01/2026 - 12:22
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.