• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Со ќерките разговараме за сѐ, од љубовни маки до животни дилеми“: Маја Гроздановска Панчева за мајчинството и убавината

3 јули 2026, 13:50
  • cподели
Маја Гроздановска Панчева

Маја Гроздановска Панчева плени со безвременска убавина и природен шарм. Иако веќе е во шестата деценија од животот, изгледа речиси исто како и пред дваесетина години... витка линија, негуван природен изглед, долга руса коса и ведар дух кој зрачи со секоја нејзина појава.

Јавноста ја памети како поп-пејачка, особено по хитот „Мачка со девет животи“, а 53-годишната убавица никогаш не се оддалечи од музиката. Денес е дел од хорот на Македонската опера и балет, негувајќи ја уметноста која отсекогаш била нејзина најголема љубов. Покрај успешната професионална кариера, со децении гради и хармоничен семеен живот со легендата на македонскиот фудбал Дарко Панчев, со кого ги има ќерките Марија и Надица.

Непосредна и харизматична, во разговор за Фемина, Маја искрено открива како ги одржува младоликоста и витката фигура, зошто внатрешниот мир е подеднакво важен како и негата, каков е нејзиниот став кон естетските корекции, но и што научила од мајчинството – улогата која, како што вели, ја обликувала во посилна, потрпелива и покомплетна жена.

Маја Гроздановска Панчева
Маја Гроздановска Панчева со ќерките

Во шестата деценија изгледате негувано, елегантно и младолико. Kоја е тајната на вашиот изглед?

Ви благодарам пред сѐ за убавите зборови. Нема некаква спектакуларна тајна, но би кажала дека се должи на континуирана грижа за себе, која ја доживувам како почит кон сопственото тело и професија.

Имате ли некои козметички ритуали или навики без кои не можете?

Најважен ритуал е чистење на лицето пред спиење, користење кремови кои ми одговараат и одредени козметички третмани. Но, најважен е сонот и внатрешниот мир, кога го имате сето тоа, едноставно се гледа на лицето.

Колку внимавате на исхраната и што најмногу ви помага во одржувањето на линијата? Дали постои нешто кое целосно сте го исфрлиле од менито?

Секако дека внимавам на исхраната, бидејќи на овие години метаболизмот се менува и телото си бара поголема одговорност. Не сум по строгите диети и понекогаш знам да си дозволам брза храна и не постои нешто конкретно што е исфрлено од моето мени. Но, секако треба да се јаде умерено.

Маја Гроздановска Панчева
Маја Гроздановска Панчева

Дали вежбањето е дел од вашето секојдневие и каква физичка активност најмногу ви одговара?

Најмногу ми одговара да вежбам пилатес

Секако, пред сѐ вежбам за здравје и кондиција. Неколку години вежбав јога, но најмногу ми одговара пилатес, вежби за истегнување кои му даваат прекрасна форма на телото и ја одржуваат флексибилноста. Сметам дека ова е начин за ослободување на стресот и акумулирање на нова енергија.

Маја Гроздановска Панчева

Денес естетските и пластичните зафати се сè поприсутни. Каков е вашиот став на оваа тема? Дали би промениле нешто на себе или дали би ги поддржале вашите ќерки доколку се одлучат на ваков чекор?

Ќерките ги учам пред сѐ ги учам да се сакаат такви какви што се

Естетската медицина ја доживувам како уметност кога се користи со мерка и вкус. Ги поддржувам сите неинвазивни третмани кои ја нагласуваат природната свежина, без притоа да го избришат карактерот и уникатноста на ликот.

Што се однесува до моите ќерки, доколку некогаш се одлучат за некаква корекција која ќе ја донесе нивната самодоверба на повисоко ниво, би ги поддржала, но пред сѐ ги учам да се сакаат такви какви што се.

Маја Гроздановска Панчева со ќерките

Каков моден стил преферирате приватно и во што се чувствувате најудобно и најсвоја? Следите ли модни трендови или повеќе се водите според тоа што вам ви прилега?

Отсекогаш се водам според тоа што сакам и што ми прилега, но секако ги пратам и модните трендови. Секогаш се водам по правилото „облеката треба да ја носи жената, а не жената да биде заробеник на облеката”.

Добра фармерка, едноставна бела маица или кошула, рамни чевли или патики, тоа сум „јас”, но за некои сценски настапи или свечени пригоди, секако одбирам што да облечам.

Вашата руса коса со години ви е заштитен знак. Како ја одржувате и дали некогаш сте посакале да промените боја или должина, односно да направите голема промена на имиџот?

Русата коса бара многу грижа, особено со постојано фенирање и третирање поради настапите. Редовно посетување кај мојот долгогодишен фризер, производи кои одговараат на мојата коса, па и некои домашни маски кои понекогаш успевам сама да ги направам, се одлична формула за негувана и убава коса.

Отсекогаш сум сакала долга коса и тешко да се одлучам за некоја радикална промена, а што се однесува до бојата, досега само два пати имам експериментирано, но сметам дека русата коса е дел од мојот идентитет и професионално и приватно.

Маја Гроздановска Панчева
Маја Гроздановска Панчева

Вашите ќерки Марија и Надица денес се веќе пораснати млади девојки. Какво беше растењето на две девојчиња и на што најмногу ве научи мајчинството?

Мајчинството ме обликуваше во комплетна и силна жена

Најубавиот и најпредизвикувачкиот пат во мојот живот е нивното растење, исполнето со неизмерна љубов.

Како личност сум многу трпелива и нескромно можам да кажам дека успеав да ги воспитам да бидат силни, достоинствени и независни во денешниот свет. Тоа е еден пат исполнет со огромна одговорност која кај мене ќе трае за навек. Сметам дека мајчинството ме обликуваше во комплетна и силна жена.

Во што најмногу ве потсетуваат на вас? Каква сте биле вие на нивни години?

Во нив го препознавам истиот дух кој го имав и јас на нивни години. Секако денес поинаку се живее отколку во времето кога растевме ние.

Честопати им раскажувам за моето време, кога младоста се живееше без интернет и социјални мрежи, кога правилата и воспитувањето беа построги, кога моравме да бидеме покреативни за да се изразиме себеси. Низ тие приказни се обидувам да им пренесам дел од таа автентичност, за да научат да го ценат реалниот живот, надвор од дигиталниот свет.

Маја Гроздановска Панчева со ќерките
Маја Гроздановска Панчева со сопругот Дарко и ќерките

Дали ви се доверуваат за љубовни и животни теми и кој е најважниот совет кој секогаш им го повторувате?

Среќна сум што изградивме однос базиран на доверба и меѓусебна почит. Разговараме за сѐ, од љубовни маки до животни дилеми. Се трудам секогаш советот да биде добронамерен во контекст за проблемот за којшто разговараме.

Мојот совет кој секогаш го кажувам е да ги почитуваат возрасните, институциите, секогаш да бидат силни и свои, кое е одлика на традиционалното домашно воспитување.

Даница Караташова Илиоска / Femina.mk

Tags
Маја Гроздановска-Панчева

Најнови

  • Клиника Жан Митрев

    Клиника Жан Митрев: Преку носната шуплина брзо и безбедно изваден заглавен забен имплант

    Fri, 07/03/2026 - 14:05
  • Маја Гроздановска Панчева

    „Со ќерките разговараме за сѐ, од љубовни маки до животни дилеми“: Маја Гроздановска Панчева за мајчинството и убавината

    Fri, 07/03/2026 - 13:50
  • Џејла Рамовиќ шармантна убавица во сина креација по фамозниот бакнеж со Јаков Јозиновиќ

    Fri, 07/03/2026 - 13:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.