• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Со хит порака ги замолчува оние кои прашуваат „Кога дете?“

28 септември 2015, 18:35
  • cподели

Емили Бингам со кратка порака ги замолчува сите оние кои слободно ги преплавуваат жените со прашања за раѓањето на деца.

33-годишната Американка доби аплаузи од илјадници жени откако објави фотографија од ултразвук на Facebook, а во описот ја напиша следната порака:

Емили БингамЕмили Бингам Пост на Емили

Здраво на сите!!! Сега, кога го придобив вашето внимание со оваа ПРОИЗВОЛНА ФОТОГРАФИЈА ОД УЛТРАЗВУК што ја презедов од Google, сакам пријателски да ви укажам дека репродуктивните планови и одлуките за раѓање дете на другите луѓе не се ваша работа. НЕ СЕ ВАША РАБОТА.

Пред да прашате млади брачни партнери кои се заедно речиси цел живот кога конечно ќе создадат семејство... пред да ги прашате родителите на мало дете кога ќе започнат да работат на помало братче или помало сестриче... пред да прашате сингл личност дали/кога тој/таа планира да има деца зашто часовникот отчукува... едноставно застанете. Ве молам застанете.

Не знаете кој се соочува со неплодност или тажи поради спонтан абортус или се справува со здравствени проблеми. Не знаете кој има проблеми во врската или е под огромен стрес или за кого едноставно тајмингот е погрешен. Не знаете кој е во дилема за тоа дали сака да има деца или дали да има повеќе деца. Не знаете кој одлучил дека засега не сака деца или дека не сака деца воопшто. Не знаете дека вашите навидум невини прашања можат некому да причинат тага, болка, стрес или фрустрации. Се разбира, кај некои луѓе тие прашања може да не предизвикаат загриженост, но од мое искуство и од искуствата на многу пријатели, можам да ви кажам дека најверојатно ќе предизвикаат загриженост.

Заклучок: Независно дали сакате да имате внуче или сте добронамерен пријател или роднина или само љубопитен сосед, знајте дека тоа апсолутно не е ваша работа. Наместо тоа, прашајте што ги интересира во моментот, прашајте ги кој им бил најдобриот дел од денот. Доколку некоја личност сака да ви открие нешто така лично како нејзините планови да има или да нема деца, таа ќе ви ги каже. Ако сте љубопитни, едноставно седете и чекајте, дозволете ѝ тоа да го направи по сопствен избор, тогаш кога ќе биде подготвена за тоа.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.