Светски познатиот алпски бисер Сент Мориц беше изборот за зимување на Катарина Ивановска.
Македонската манекенка реши да „избега“ од секојдневните обврски и да си подари заслужен одмор на швајцарските Алпи. Опкружена со снежни врвови, чист планински воздух и зимска магија, Катарина максимално уживаше во скијањето и во раскошната алпска идила.
Преку фотографиите и видеата кои ги сподели на социјалните мрежи, Ивановска им овозможи на своите следбеници да ѕирнат во нејзината авантура.
Сончеви денови, опуштени моменти во еден од најлуксузните зимски центри во Европа, стилски зимски аутфити и насмевка која не ја симнува од лицето, Катарина несомнено ќе има по што да го памети ова патување.