Сложни бивши: Ерос Рамацоти со поранешната сопруга прегрнати и емотивни на свадбата на нивната ќерка Аурора
Ерос Рамацоти и Мишел Хунцикер се во одлични односи и по разводот.
62-годишниот италијански пејач и 49-годишната водителка и модел славеа заедно и се радуваа на свадбата на нивната ќерка Аурора.
Раскошната прослава се одржа во амбиентот на историскиот замок Castello Xirumi Serravalle во Лентини, Сицилија, во кој се собраа најблиските пријатели и семејството за да ја прослават љубовта на Аурора и нејзиниот избраник Гофредо Церза.
Легендарниот музичар ја одведе својата ќерка до олтарот, а потоа ѝ се придружи на Мишел за заедно да го проследат венчавањето.
И двајцата не можеа да си ги сокријат емоциите за време на церемонијата.
Поранешните сопружници танцуваа прегрнати и се фотографираа рака под рака заедно со младенците. Мишел носеше елегантен комбинезон без прерамки во ментол нијанса, додека Ерос шармираше во класичен црн смокинг.
Среќната невеста блескаше во венчаница од Армани.