• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Славиме човек кој помогна да се родат генерации деца“: Тимот на „Плодност“ со изненадување за 71-виот роденден на д-р Таше Трпчевски

3 јуни 2026, 11:01
  • cподели

Со многу емоции, благодарност и гордост, тимот на „Плодност“ му го честиташе 71-виот роденден на д-р Таше Трпчевски, основачот на специјалната болница од Битола.

Човекот, кој помогна да се родат генерации деца и да се усреќат илјадници семејства, доби прекрасно изненадување од своите колеги. Врвниот доктор беше дочекан пред болницата од соработниците, кои со прегратки и искрени насмевки му го честитаа роденденот.

Преку емотивна порака, тимот упати длабока благодарност до докторот кој својот живот го посвети на создавањето нови животи, нагласувајќи го неговиот траен белег во македонското здравство.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by HOSPITAL PLODNOST (@plodnost)

СРЕЌЕН РОДЕНДЕН, Д-Р ТАШЕ ТРПЧЕВСКИ 🎂❤️

Денес славиме човек кој својот живот го посвети на медицината, науката и создавањето нови животи.

Зад него стојат илјадници пациенти, илјадници семејства и илјадници причини за благодарност.

Со своето знаење, посветеност и визија остави траен белег во репродуктивната медицина и помогна да се родат генерации деца кои денес се најголемото сведоштво за неговата работа.

Му посакуваме добро здравје, многу среќа, семејна радост и уште многу години исполнети со енергија, инспирација и нови успеси.

Среќен 71 роденден, докторе. Ви благодариме за сѐ што направивте и сѐ што продолжувате да правите.

Тимот на Болница Плодност

Иако зад себе има блескава кариера исполнета со децениски успеси и меѓународни признанија, д-р Трпчевски со несмален ентузијазам продолжува со активна работа и во осмата деценија од животот. Неговата неуморна посветеност на репродуктивната медицина докажува дека за него професијата e вистинска животна мисија.

Честитка за д-р Таше Трпчевски
Честитка за д-р Таше Трпчевски
Tags
Д-р Таше Трпчевски
Болница Плодност

Најнови

  • ВИДЕО: Тамара Тодевска вистинска музичка дива во спотот за новата песна „Drama Queen“

    Wed, 06/03/2026 - 12:07
  • Хуманитарни акции

    „На крајот од секоја акција се чувствуваме исполнето“: Мрежа хуманитарци 25 години менува судбини во Македонија

    Wed, 06/03/2026 - 11:33
  • „Славиме човек кој помогна да се родат генерации деца“: Тимот на „Плодност“ со изненадување за 71-виот роденден на д-р Таше Трпчевски

    Wed, 06/03/2026 - 11:01
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.