• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Славата е иста како во Македонија, само на 38°C“: Татјана Лазаревска за прославата на Св. Никола во Мелбурн

21 декември 2025, 18:24
  • cподели

Додека во нашата земја Св. Никола се дочекува со студ и мирис на зима, во Мелбурн годинава термометарот покажал 38°C. Но, за Татјана Лазаревска, далечината никогаш не била пречка да се почувствува топлината на домот, особено кога се празнува овој голем христијански празник, куќната слава што со години го собира семејството, каде и да се наоѓаат.

Заедно со сопругот Новица и синовите Стефан и Петар, познатата пејачка веќе долго живее во Австралија, но духовниот компас секогаш ја враќа кон корените. Изминатиов петок, нивниот дом во Мелбурн повторно стана мало македонско катче со осветено лепче, пченица, посна трпеза и молитва за здравје, исто како што тоа се прави и во татковината.

Татјана Лазаревска за Св. Никола во Мелбурн

Во разговор за Фемина, исполнет со спомени и семејна топлина, Татјана ни раскажува како изгледа прославата на Св. Никола „на другиот крај од светот“, како ги учи своите деца да ја почитуваат верата и традицијата и зошто, и покрај 38°C надвор, славската трпеза и молитвата имаат иста тежина како и дома:

Прославувањето на славата Св. Никола во Австралија е потполно иста како кај нас во Македонија. Свештено лице доаѓа дома да го освети лепчето и пченицата и да испее молитва за здравје или луѓето го носат лепчето во црква. Потоа, се подготвува славската посна трпеза и вечерта се прославува со семејството и пријателите.

Ние се трудиме на секој начин заедно со децата да си ја задржиме нашата автентична македонска традиција што се однесува до празнувањето на славата, првенствено со редовно посетување на богослужби во недела во црква, потоа со заедничко подготвување на посни јадења по рецепт на нашите родители и секако постење за време на нашите најголеми верски празници Божиќ и Велигден.

Татјана Лазаревска за Св. Никола во Мелбурн
Татјана Лазаревска за Св. Никола во Мелбурн

Подготовките за славата, вели Татјана, се речиси идентични како и во Македонија. Единствената вистинска разлика е времето:

Подготовките за слава се секаде исти, нема некоја голема разлика, единствено во временските температури - на пример, оваа година за Св. Никола температурата надвор беше 38°C - се стопивме. Инаку, посното гравче, сарма и риба се основа за славата.

Најголема симболика и радост за нас, за денот на славата, е посетата на отец Тоне и неговата молитва за здравје и среќа во домот.“

Татјана Лазаревска за Св. Никола во Мелбурн
Татјана Лазаревска за Св. Никола во Мелбурн

Даница Караташова Илиоска / Femina.mk

Tags
Татјана Лазаревска
Св. Никола

Најнови

  • Прослава на Св.Никола во домот на Татјана Лазаревска во Мелбурн

    „Славата е иста како во Македонија, само на 38°C“: Татјана Лазаревска за прославата на Св. Никола во Мелбурн

    Sun, 12/21/2025 - 18:24
  • Драган Б. Костиќ

    „Патувај мирно Диско Селекторе“: Почина радио легендата Драган Б. Костиќ

    Sat, 12/20/2025 - 14:04
  • Живко Мукаетов и Христијан Мицкоски во Алкалоид

    Пуштена во употреба новата микробиолошка лабораторија за квалитет на „Алкалоид“ при официјалната посета на владина делегација во компанијата

    Sat, 12/20/2025 - 01:03
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.