• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Слава ти Господе“: „Осаменото“ момче со ангелски глас од Прилеп освои прво место на натпревар во Бугарија

17 јули 2026, 12:27
  • cподели

Само неколку месеци откако неговата животна приказна ја трогна јавноста, Димитар Иваноски од Прилеп покажа дека талентот и љубовта кон музиката немаат граници.

13-годишниот пејач, кој има 96 проценти оштетен вид, го освои првото место на меѓународниот музички фестивал „Tryavna Music Cup 2026“ во Бугарија, каде настапи во конкуренција со повеќе од 400 изведувачи од различни земји.

Димитар се претстави со песната „Као моја мати“ од Здравко Чолиќ во категоријата „Evergreen“. 

По големиот успех, неговиот татко на социјалните мрежи кратко, напиша:

Тријавна Интернационален Музички Куп и за Димитар прво место 🥇
Слава ти Господе 😇🙏- напиша Цветан.

Пред неколку месеци, тетката на Димитар сподели дека тој често ги минува училишните одмори сам и дека сакал да се запише во училиште за слепи деца во Скопје со надеж дека таму ќе биде прифатен и ќе стекне пријатели. 

Неговата приказна тогаш допре до илјадници луѓе, а сега музиката му отвора нови врати. 

Димитар веќе има бројни настапи на меѓународни фестивали, освоени први места, авторски песни и значајни признанија.

Tags
Димитар Иваноски

Најнови

  • Сестрата на Кристијано Роналдо си го трансформираше телото, го прослави 49-тиот роденден во бикини

    Sun, 10/25/2026 - 22:10
  • Ивона Антова

    „Колку сурово е да му честиташ роденден на детето кон небото“: Мајката на Ивона, која загина во пожарот во „Пулс“, со потресно писмо

    Sun, 10/25/2026 - 18:00
  • Ивана Ѓорѓиоска

    „Кога имав сила, го ставав турбанот и излегував, не сакав болеста да ми го одземе животот“: Исповед на мајка на две деца од Прилеп за борбата со рак

    Sun, 10/25/2026 - 16:01
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.