• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Можеби во Скопје децата ќе ме сакаат“: Тетката на дете со попреченост со моќна порака за родителите

23 март 2026, 13:21
  • cподели

Момче со тешко оштетување на видот, кое и покрај предизвиците редовно оди на училиште и пее, секојдневно се соочува со нешто многу поболно од самата попреченост — осаменоста. Трогателната објава на неговата тетка на социјалните мрежи отвори важна тема за прифаќањето, емпатијата и улогата на родителите во воспитувањето на децата.

13-годишниот Димитар Ивановски од Прилеп е слеп 96% и често останува сам за време на училишните одмори, додека другите деца играат и се дружат. 

Најболниот момент за неговата тетка Алексеа бил кога тој изразил желба да се запише во училиште за слепи деца во Скопје, надевајќи се дека таму конечно ќе биде прифатен и сакан. Објавата предизвика силни реакции, повикувајќи на поголема свесност, човечност и подадена рака кон секое дете кое се чувствува осамено.

Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост:

Ретко пишувам и несакам да должам многу,но толку сум лута,не на децата туку на нас родителите…Се работи за мојот внук Димитар Ивановски (детето што пее) на вас на некои познат, на некои не (небитно) Димитар е дете со попреченост (96% слеп). Денес сакам да споделам нешто што многу ме допре како тетка и како човек.💔

И после сè, тој се труди, учи, оди на училиште како и сите други деца. Но, има нешто што многу повеќе боли од самата попреченост… Осаменоста.

Ми кажа дека на секој одмор стои сам. Додека другите деца играат, разговараат и се смеат, тој стои на страна. Не затоа што не сака да биде со нив, туку затоа што не е прифатен.

Пред некој ден ни кажа нешто што ни го скрши срцето (мене како тетка, а замислете како е да сте во кожата на неговите родители): „Сакам да одам да учам во Скопје во училиштето за слепи деца… можеби таму децата ќе ме сакаат и ќе ме разберат“.

Замислете дете од само 13 години да мисли дека мора да оди на друго место за да биде прифатено. Ова го пишувам не за да обвинувам некого, туку за да ги потсетам сите нас – родителите. Ние ги учиме нашите деца какви луѓе ќе бидат. Ние сме тие што можеме да им покажеме дека различноста не е причина некој да биде оставен сам.

Разговарајте со вашите деца. Научете ги да подадат рака, да поканат некого во игра, да бидат пријатели со оној што можеби е малку поразличен.

Понекогаш едно „Ајде играј со нас“ може да му го промени целиот ден на едно дете. Сите деца заслужуваат пријателство, насмевка и чувство дека припаѓаат.

Ако овој текст допре барем до еден родител и едно дете утре му пријде на некое осамено дете на одмор – тогаш вредеше да го напишам.

И да СПОДЕЛЕТЕ слободно, можеби ќе стигне до некого кому му треба да го прочита. 

А ти Димитар продожи по патот на звездите и со твојот ангелски глас продолжи да освојуваш светски сцени и покажи дека небото е граница,за да еден ден твоите соученици покрај се бидат горди на тебе…. Те сакаме 🩵

To view this video please enable JavaScript, and consider upgrading to a web browser that supports HTML5 video

Tags
попреченост

Најнови

  • Стефани Барбутова

    Stefani & The Upper Room – Вечер на надеж, вера и современа христијанска госпел музика

    Mon, 03/23/2026 - 14:31
  • Концерт на Давид Темелков во Скопје

    Предлог за брак и два часа магија на концертот на Давид Темелков во Скопје

    Mon, 03/23/2026 - 13:39
  • „Можеби во Скопје децата ќе ме сакаат“: Тетката на дете со попреченост со моќна порака за родителите

    Mon, 03/23/2026 - 13:21
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.