• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Популарни јадења

Слатки ролни со цимет кои ќе го исполнат домот со неодолива арома

1 ноември 2020, 20:30
  • cподели

Примамливо меки, богати на вкус и засладени со бел прелив... Овие ролнички се совршениот десерт за љубителите на цимет.

За моменти кога сакате да ги изненадите саканите со специјален деликатес, ви нудиме рецепт кој сигурно ќе резултира со звуци на задоволство.

Ролнички со цимет

Состојки

За тестото

500 мл млеко
100 гр шеќер
110 гр путер
7 гр инстант квасец
650 гр брашно
1 лажичкаВитаминка прашок за печиво
1 лажичка сол

За филот

170 гр путер
150 гр кафеав шеќер
10 гр Витаминка цимет (2 пакетчиња)

За преливот

120 гр крем сирење
30 гр путер
4 лажици млеко
1 лажичкаекстракт од ванила
120 гр Витаминка шеќер во прав

Подготовка

1

За тестото, растопете го путерот и заедно со шеќерот додајте ги во млекото, кое е неопходно да биде млако, т.е. на температура 37-43°С.

2

Во друг сад, ставете 500 грама од брашното и во него измешајте го квасецот.

3

Во садот со брашно додајте ја смесата со млеко и мешајте со дрвена лажица додека сувите состојки не ги впијат течните. Покријте го садот со најлонска фолија или крпа и оставете го во топол дел од кујната 1 час. Тестото треба да порасне речиси двојно. По еден час, тестото треба да биде пуфкаво и со мали меурчиња на површината.

Ролнички со цимет
4

Во пораснатото тесто додајте го останатото брашно (150 гр), прашокот за печиво и солта. Измешајте со лажица и ставете го тестото на површина поросена со брашно. Месете околу 10 минути, а доколку тестото е лепливо, додавајте постепено по малку брашно. На крајот, треба да добиете тесто кое кога ќе го притиснете со прст, ќе си ја враќа формата.

5

Оформете со рацете правоаголна форма, а потоа со сукало направете кора со дебелина од околу еден сантиметар.

6

За филот, важно е путерот да биде многу омекнат, па во него додајте ги кафеавиот шеќер и циметот. Промешајте добро.

7

Врз тестото рамномерно нанесете ја смесата со цимет. Потоа започнете внимателно да го виткате во ролна.

Ролнички со цимет Ролнички со цимет
8

Сечењето на ролничките е најдобро да го правите со конец за заби или многу остар нож за да ги зачувате слоевите. Дебелината зависи од вашите желби. Ние ги сечевме на 5-6 сантиметри.

Ролнички со цимет
9

Наредете ги ролничките во сад за печење премачкан со путер, оставајќи простор помеѓу нив. Оставете ги околу 35-40 минути на топло место за да „пораснат“. Печете во загреана рерна на 180°С околу 25-30 минути.

10

За преливот, измешајте ги омекнатото крем сирење, путерот, млекото и екстрактот од ванила. Полека додавајте го шеќерот во прав додека мешате за да се стопи. Преливот распрскајте го врз оладените ролни.

Ролнички со цимет
Ролнички со цимет
Tags
цимет
Витаминка
Vitaminka
десерт

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.