Кампањата „Заедно за топол дом, љубов и грижа за секое дете“ што Витаминка ја реализираше преку Стоби Флипс, успешно заврши и резултираше со донација од 1.000.000 денари за СОС Детско село.
Децата од градинката Светот на Колорес подготвија 200 велигденски пакетчиња за децата од социјално загрозените семејства, кои заедно со уште 200 пакетчиња од Витаминка, ги донираа за хуманитарната организација „Свети Спас”.
Витаминка донира пакети производи за 450 здравствени работници од Инфективната клиника во Скопје, од Модуларниот Ковид центар во Штип и од Инфективното одделение од Прилеп.
Со големиот асортиман, разните производи, широкиот спектар производни програми, Витаминка се претставува на најголемите саеми и со тоа ја продолжува потрагата по нови пазари.