• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Слабеењето не носи среќа“: Блогерка со моќна порака дека треба да се сакаме онакви какви што сме

13 јануари 2023, 12:03
  • cподели

Блогерка испраќа важна порака до сите оние кои на Нова година си ветија дека ќе ослабат.

„Слабеењето не носи среќа, изберете да се сакате себеси“ – порачува Сара Никол, која покажува како реално изгледа женското тело, без Фотошоп и лукави пози.

Мајката на четири деца објавува фотографии на кои се гледаат нејзините стрии, вишокот кожа и целулитот со цел да им помогне на своите следбеници да си ја зголемат самодовербата.

Сара Никол Сара Никол

Во 2013 година, Никол тежела повеќе од 100 килограми, но со рестрикции успеала да си ја преполови тежината. Сепак, тоа не ѝ ја донесло посакуваната среќа. Таа е категорична дека е многу посреќна откако започна да се прифаќа себеси онаква каква што е.

Сара Никол

Пред 10 години, по раѓањето на моето трето дете се вратив во мојот роден крај и тргнав во мисија да ослабам.

Подготвена бев да го „живеам животот во целост“ и да ја пронајдам среќата во себе која знаев дека чека да биде ослободена.

Намалив 45 килограми.
Бев сакана поради тоа, фалена и обожавана.

Го претставував тоа како успех, бидејќи чувствував дека го правам она што сите, а и самата јас, го сакавме за мене. Но, исто така чувствував неуспех.

Каде беше мојата среќа?

Уште повеќе ослабев за време на мојот развод. Започнав да си поставувам уште повеќе рестрикции. Ги игнорирав медицинските проблеми што ми се појавуваа, препишувајќи ги на стресот и прекумерното работење.

Истовремено, ги гледав профилите на другите жени кои поминаа низ слабеење, а како резултат НЕ пронајдоа среќа и се фрустрирав од нив. Претпоставувам дека мојата самоомраза ме исполни. Посакував да престанат да ми го кажуваат она што веројатно требаше да го слушнам.

На крајот, се соочив дека:

Не бев среќна.
Се залажував себеси и другите.
Имав нарушување во исхраната.
Имав голем проблем да го прифатам моето тело.
Бев исплашена.
Само сакав да бидам прифатена.
Сакав да го вклопам моето тело во стандарди со кои не можеше да биде во тек.

Се навратив на луѓето кои зборуваа за самоприфаќање и полека започнав да им верувам.

Дека среќата не доаѓа од бројките. Ниту од оние на моите панталони, ниту од оние на вагата, ниту од бројот на луѓе кои ме следат поради моите трикови и совети за слабеење.

Започнав да се чувствувам побезбедно во моето тело.
Анксиозноста кога излегував во јавност ми се намали.
Едноставно, започнав да се менувам.

Сфатив дека среќата не доаѓа од изгледот на моето тело, туку од тоа дали живеам во целост.

Сара Никол Сара Никол

Во друг пост, Никол пишува:

Најтешкиот дел од слабеењето за мене не беше намалувањето на килограмите. Тоа беше суровата реалност дека слабеењето не ми го даде она што го очекував:

Не ме направи среќна.
Не ме направи задоволна со моето тело.
Не ме направи самоуверена.
Не ми даде чувство на поголема вредност.

Први јануари нема да промени ништо, освен тоа што е уште еден ден да изберете љубов. Уште еден ден да живеете во ОВА тело.

Сара Никол Сара Никол Сара Никол Сара Никол
Tags
блогерка

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.