• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

#СкрозЈас приказна Мартина Рмуш: „Kреативноста е начин на размислување - ја изразувам и на работното место во dm и во моите уметнички дела“!

10 ноември 2025, 19:10
  • cподели

„Создавањето креативни дела, не е само хоби, туку целиот процес ми е многу медитативен – буквално не ги чувствувам саатите како поминуваат од што сум внесена во тоа што го правам“, вели уметницата Мартина Рмуш која работи во секторот за маркетинг и комуникации во компанијата dm drogerie markt.

Нејзините дела кои се изложени во неколку урбани локали во Скопје, не може да поминат незабележливо. Вибрантните бои и движења на четките во уметничките творби е нејзиниот потпис.

Креативна и комуникативна, нејзината приказна е 100% компатибилна со #СкрозЈас иницијативата на dm која повикува секој да ја слави својата автентичност, да го слуша својот инстинкт и ги охрабрува уникатните особини и вештини кои секој од нас ги поседува. Деловниот свет во кој Мартина ја гради својата професионална кариера воопшто не ја спречува и понатаму да ја истражува својата креативност и своите идеи и емоции да ги пресликува на уметничкото платно.

Мартина Рмуш

„Уметноста за мене е простор каде што можам слободно да го изразам мојот внатрешен свет – боите, формите и емоциите што ме инспирираат секојдневно. Дури и кога сум оптоварена со деловните обврски, цртањето ми дава момент на слобода и баланс, ми дозволува да се поврзам со себе и со светот околу мене. За мене, креативноста е начин на размислување, но и на изразување, ја носам и на работното место во dm и во мојата уметност, и на тој начин секој ден станува можност за нови идеи и креации“, споделува Мартина.

Мартина Рмуш

Нејзиниот уметнички профил не може да се дефинира со прецизни, строги и крути линии или со претходно дефинирани скици и планови. Таа се опишува себеси како freestyle уметник кој ги впива во себе вибратните бои и разиграните форми со кои што се среќава во раздвиженото секојдневие. Мартина ги објавува своите дела на Инстаграм профилот @cameloon_studio, од каде и се запознавме со нејзините дела. Автентична девојка со космополитски дух обликуван од патувањата низ светот, од средбите со различни култури и традиции, но и од нејзината искрена желба за едукативен и креативен дијалог.

View this post on Instagram

A post shared by (@martina_rmush)

Како екологист во душа, за своите дела Мартина ја црпи инспирацијата од природата која настојува да ја вгради во секое свое апстрактно дело, не само преку мотивите, туку и преку материјалите што ги користи. Иако нема формално ликовно образование, над 1000 уметнички дела се со нејзин потпис. Најчесто слика со акрил на платно или со мермерни мастила на вода, а сè почесто експериментира и со мозаик и колаж, како и со употреба на рециклирани материјали. Покрај личното творештво, организира и креативни работилници за млади, поттикнувајќи ги да создаваат дела од одржливи и рециклирани материјали, затоа што верува дека уметноста може да инспирира одговорен пристап кон природата.

Досега нејзините дела биле изложени на девет изложби, од кои четири се самостојни – меѓу нив и една меѓународна, одржана во шпанскиот град Севиља, познат по фламенгото и уметничкиот дух. Нејзината најголема љубов, се големите платна и муралите – простор каде што нејзината енергија, боја и имагинација најсилно доаѓа до израз.

Мартина Рмуш Мартина Рмуш

Со искреноста и страста што ја носи во секој потег на четката, Мартина ја претвора својата автентичност и креативност во боја и форма, искрено отсликувајќи го своето вистинско #СкрозЈас.

Мартина Рмуш

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.