• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

#скроз јас приказна, Стефан Мицов: Професионалната тениска кариера не ме спречи да сонувам за мој парфем

8 јули 2025, 10:42
  • cподели

Стефан Мицов е добро познато име во тениските кругови во нашата земја. Професионален тенисер, Дејвис куп репрезентативец, тренер, индивидуа кој со својата позитивна енергија го афирмира тенисот во земјава, и е поттик за многу младинци да го засакаат овој спорт. Дава професионални тениски часови на возрасни, на почетници, работи со натпреварувачи, а под негово водство неколку млади тенисери веќе остваруваат одлични резултати. Но она што ретко кој знае е неговата страст за парфеми. Неговиот сон да развие сопствена линија на парфеми кој го отсликува неговото #скроз јас.

Стефан Мицов

Отсекогаш сум бил опседнат со парфемите! Од мал ги собирав, анализирав, размислував каков би бил парфемот кој јас би го креирал?

„Професионалната тениска кариера никогаш не ме спречи да сонувам за нешто повеќе. Дури и кога патував прекуокеански, парфимериите на аеродромите го окупираа моето време и интерес. Таа моја страст и интерес, не остана само на љубопитност и хоби, туку последниве години се претвори исто така во професионален интерес. Се самоедуцирав на интернет, но и посетував професионални курсеви во земјава и во странство, со цел да се оспособам целиот процес да биде стандардизиран, сигурен и секако квалитетен. SC3NTOV е резултат на години инспирација, упорност и верба во личниот идентитет. Уникатна мирисна линија што ја комбинира спортската енергија, личната дисциплина и бескомпромисната страст кон стилот.“

Стефан Мицов

Повеќе за него може да се дознае на социјалните мрежи. Уникатна можност е да се добие и персонализиран парфем, направен според желби и карактеристики на клиентот.

Иницијатива #СкрозЈас е инспирирана од автентичноста, уникатноста и моќта на секој поединец да биде свој, да го следи сонот. Да се прифати сопствената автентичност и да се живее со полни гради. Не поттикнува да го отвориме срцето кон она што веќе сме, без да се плашиме дека ќе изгледаме „некако“ за другите или нема да им се допаднеме.

Тенис#SC3NTOV #СтефанМицов #СкрозЈасПриказна

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.