• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Скопје Сити Мол започнува со работа на 4 октомври

14 септември 2012, 10:06
  • cподели

Долгоочекуваниот трговски центар Скопје Сити Мол свечено ги отвора вратите за своите посетители на 4 октомври 2012г. Во текот на неколкуте дена по свеченото отвoрање ќе се реализираат разновидни активности наменети за сите посетители.

Скопје Сити Мол

150 реномирани светски брендови како и најголемите локални трговски марки ќе бидат присутни во трговскиот кој располага со вкупна површина од 90.000m2 од кои 39.000m2 се наменети за издавање. Посетителите ќе го имаат на располагање и најголемиот паркинг простор во градот со 1.300 паркинг места, вклучувајќи подземно ниво и катна гаража.

Вкупната досегашна инвестиција во трговскиот центар изнесува 70 милиони евра, а ќе овозможи вработување на околу 2.000 лица.

Скопје Сити Мол ги задоволува највисоките светски стандарди за модерен и урбан трговски простор и во Македонија ги носи некои од најголемите светски брендови. Овој проект е своевиден симбол на развој, унапредување, взаемна доверба и уште повеќе ги отвара вратите за понатамошни инвестиции. Определбата на Скопје Сити Мол е да ги задоволи потребите на домашните, но и на потрошувачите од регионот за квалитетен и современ трговски простор и да стане најуспешен шопинг центар на Балканот со околу 7,5 милиони посетители во првата година.

Скопје Сити Мол

Трговскиот нуди и богати забавни содржини како што се мулти-плекс киното со 3Д технологија на Синеплекс, потоа кугланата за семејна забава и деловно дружење Бо Боулинг, многу кафе барови, ресторани, брза храна, козметика, книжарница, детски катчиња, потреби за домаќинство, сервисни услуги и многу други содржини.

Со отворањето на Скопје Сити Мол на 4 октомври, градот конечно ќе добие место кое со својот уникатен концепт во себе ќе ги обедини добрата забава, шопингот и квалитетното дружење.

Промотивен текст

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.