• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Скопје Сити Мол и Синеплекс со 10 детски театарски претстави ги вклучува најмладите во хуманитарна акција

24 март 2022, 12:11
  • cподели

Скопје Сити Мол во партнерство со Синеплекс секоја недела за најмладите организира „Мој театар – Сити театар“ - циклус од 10 различни детски театарски претстави. Претставите се интерактивни, иновативни и едукативни, пренесуваат различни приказни, а музиката се свири во живо. Освен што се забавуваат и едуцираат, со посетите на Мој театар - Сити театар децата се вклучуваат и во хуманитарната акција „Од дете за дете“, бидејќи средствата од продадените билети на крајот на циклусот на претстави се донираат на детска хуманитарна организација.

Скопје Сити Мол Скопје Сити Мол

„Скопје Сити Мол секогаш нуди нови и интересни содржини за најмладите. Овој пат решивме да им донесеме интересно театарско искуство на една нетипична сцена во киното Синеплекс, воедно да им овозможиме на најмладите да земат активно учество во хуманитарната акција Од дете за дете. Интересот за Мој театар-Сити театар е навистина огромен и ветуваме дека и во иднина ќе им понудиме на најмладите и нивните родители нови и интересни содржини во омилениот трговски центар“ – изјави Дамјан Корубин, маркетинг менаџер на Скопје Сити Мол.

Претставите од „Мој театар – Сити театар“ се одржуваат секоја недела со почеток од 11.30 часот во Синеплекс на последниот кат во Скопје Сити Мол, според сите важечки протоколи за заштита од Ковид-19. Цената на билетот е симболична – 100 денари, а приходот е наменет за химанитарни цели.

Билетите може да се купат на касата од изложбениот салон Skopje Fashion Festival на приземје во Скопје Сити Мол, додека од следната недела картите ќе се продаваат на инфо пулт во трговскиот центар.

Скопје Сити Мол Скопје Сити Мол Скопје Сити Мол

Повеќе информации се достапни на Facebook фан страната на Скопје Сити Мол.

Tags
Скопје Сити Мол
Синеплекс

Најнови

  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Никол Шерцингер

    Никол Шерцингер како принцеза во жолта креација од Зухаир Мурад во Дизниленд

    Fri, 01/09/2026 - 14:10
  • dm

    Внатрешен мир и празнична нежност: твојот домашен спа ритуал со Balea Limited Edition производите

    Fri, 01/09/2026 - 13:51
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.