• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Скопје Сити Мол го донираше приходот од Сити Театарот на „Дневен центар - Доза среќа”

21 февруари 2023, 11:10
  • cподели

Скопје Сити мол го докажува својот статус на општествено одговорна компанија, која преку продадените билети од 3-те минатогодишни циклуси на театарски претстави во Сити театар донираше 250,000 ден. за Здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар - Доза среќа” од Скопје.

Взаемно со нашите посетители придонесуваме за повеќе детски насмевки, за среќа во сите детски очи. Затоа и овој пат, ќе се погрижиме нашите посетители да имаат незаборавно доживување за сите сетила во нашиот и пред се Ваш Сити театар, кој го започнува четвртиот циклус на хуманитарни претстави започнувајќи од 26.02.2023 година.

Скопје Сити Мол

Репертоарот на претстави ќе биде исполнет со различни музичко - драмски претстави, наменети за деца од 3 до 10 годишна возраст. Ќе преовладуваат и несекојдневни богати визуелно технички ефекти, исполнети со ласерски анимации, проекции и друго, а преку интерактивноста која се спроведува за време на претставите, публиката ќе има можност да партиципира и биде составен дел од претставите. Ви ветуваме прекрасни моменти, доживувања и уживање во најголемата Синеплекс сала на Скопје Сити Мол.

„Го создадовме Сити театар бидејќи од самото наше постоење како мол имавме имплементирано голем број на театарски изведби. Воведената традицијата на негување на театарот во рамките на нашата институција прерасна во создавање на редовен театар – Сити театар, кој меѓу другото има и хуманитарен карактер.

Сите досегашни циклуси на претстави беа во целост распродадени, што е доволен показател за хуманата заложба на нашите посетители. Затоа ние и понатаму ќе се стремиме кон целосно задоволување на сите потреби на нашите посетители и тоа на највисоко можно ниво. Се обврзуваме секојдневно да се надградуваме и да бидеме во чекор со времето и реномето на нашиот мол, кој секогаш се труди да обезбеди максимални услови, добра организација и пред се добра културна програма со посебен акцент кон најмладите.

Нашата интенција е и оваа година да овозможиме редовни културни манифестации преку Сити тетарот со иновативен концепт на делување, а воедно и со продажба на билети со надомест од 150 ден. да собираме исклучивно наменски средства кои ќе ги донираме повторно за хуманитарни цели.

Нашето мото и за овој циклус на претстави ќе биде "Од дете за дете, да подадеме рака, да уживаме и другаруваме" - изјави Дамјан Корубин, маркетинг менаџер на Скопје Сити Мол.

Комерцијален текст

Tags
Skopje City Mall
Скопје Сити Мол

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.