• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Skopje City Mall слави 13 години постоење - следи викенд исполнет со забава и големи попусти до 60%

30 септември 2025, 10:17
  • cподели

Skopje City Mall оваа година одбележува 13 години постоење. По тој повод, од 3 до 5 октомври, сите посетители ќе уживаат во роденденскиот викенд со шопинг по намалени цени од 20% до 60%. Дополнително, ќе имаат можност да уживаат во богата програма со атрактивни концерти, креативни работилници и бројни изненадувања наменети за сите генерации.

Skopje City Mall

Роденденскиот викенд започнува во петок со музика и забава низ целиот мол.

  • 18:00 – 21:00 | ДЈ сет на Double G - прв кат кај Манго
  • 18:00 – 21:00 | ДЈ сет на Slave - втор кат кај Sport Reality
  • 19:00 – 21:00 | Свирка во живо со Trio Zigot (Musical Massage) кај детското игралиште од страната на Тренд Кафе.

Покрај музиката, посетителите ќе можат да уживаат во специјалната диџеј работилница со ДЈ Гоце, а за пауза помеѓу шопингот и забавата на располагање ќе биде релакс корнерот.

Во сабота забавата продолжува со енергија и музика низ целиот мол:

  • 18:00 – 21:00 | ДЈ сет на Bruce - прв кат кај Манго
  • 18:00 – 21:00 | ДЈ сет на Oky Doky - втор кат кај Sport Reality

По загревањето, ќе следува и главниот дел од прославата кој вклучува спектакуларен концерт на кровот на City Mall. Битолскиот камерен оркестар ќе настапи заедно со 13 веќе добро познати македонски музички имиња: Антониа Гиговска, Андријана Јаневска, Игор Џамбазов, Дарио, Дани Димитровска, Ѓоко Танески, Викторија Лоба, Димитар Андоновски, Александар Тарабунов, Полина Тасева, Јана Бурческа, Наде Талевска и Пере од Нокаут.

Недела, 5 октомври, е целосно посветена на најмладите. Веселиот детски ден, модериран од Андреј Наунов, ќе донесе енергични настапи на танцовите студија Art Ballet, Eat the Beat и Aqua. Најмладите исто така ќе можат да учествуваат во креативна работилница со глина, да гледаат едукативен детски театар и да проследат шоу со магични трикови. Роденденската атмосфера ќе ја заокружат најомилените Биби и Боби со нивната голема забавна програма.

Skopje City Mall

Учеството во роденденските активности е бесплатно и отворено за сите посетители, а програмата ќе се одвива на повеќе локации низ молот. Сите љубители на шопинг и добра забава се добредојдени да бидат дел од оваа голема роденденска приказна.

Сите детали за настанот ќе бидат објавени на социјалните мрежи на Скопје Сити Мол.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.