Кран-Монтана, заедно со цела Швајцарија се обвиени во длабока болка по трагедијата во барот „Le Constellation" во која згаснаа 40 млади животи.
Скијачи, инструктори и жители од поширокиот регион се собраа за да им оддадат почит на жртвите, како и на сите засегнати од пожарот.
Обединети во тагата, тие формираа срце со своите скии во знак на солидарност и заедништво. Гестот носеше порака дека Кран-Монтана стои заедно во најтешките моменти.
„Во длабока солидарност, Кран-Монтана и целата скијачка заедница тагуваат заедно.
Нашите мисли се со сите жртви, како и со оние кои пружаат нега, помош и поддршка.
Стоиме заедно во овие тешки моменти“ – стои во пораката.
Пожарот избувна во околу 1:30 часот по полноќ во барот „Le Constellation" во кој млади лица на возраст од 15-26 години го славеа доаѓањето на новата година. Бројот на жртви е 40, но за жал, има и повеќе од 110 повредени лица со тешки изгореници.