Ски авантура: Роузи Хантингтон-Вајтли и Џејсон Стејтам со децата на зимско уживање во Австрија
Роузи Хантингтон-Вајтли и Џејсон Стејтам ги минуваат зимските денови во Европа, уживајќи во магијата на Алпите.
Славниот пар престојува во Австрија каде се релаксира со снежни авантури со двете деца.
38-годишниот модел сподели фотографии на кои покажува моменти од патувањето со 58-годишниот актер, 8-годишниот Џек и 3-годишната Изабела.
„Среќни семејства“ – напиша таа.
Убавата манекенка и актерка сподели и рекламни фотографии на кои позира разголена во бикини сред снег.