• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Сите зборуваа дека сум наркоман и јас бев среќен затоа што не велеа дека д'ткам“: Слаткар искрен за пелтечењето

6 јули 2026, 09:10
  • cподели

Марко Маринковиќ – Слаткар искрено проговори за борбата со пелтечењето, за траумите кои ги носи од детството, како и за одлуката да се откаже од државните буџетски средства при снимањето на документарниот филм за неговиот живот. 

Македонскиот рапер во подкастот „Претрес“ со Ландов откри дека кога се појавил на македонската музичка сцена, за него се зборувало дека е наркоман, но наместо тоа да го погоди, го усреќило затоа што не се зборувало за неговиот проблем со пелтечењето.

Зборувајќи за филмот посветен на неговата животна приказна, тој истакна дека најважната цел му е да им помогне на децата кои се соочуваат со истиот проблем, но и дека е разочаран од недостигот на морална поддршка во сопствената земја.

Кога излегов, тоа сакав да кажам каков мајндсет имаат децата што условно кажано пелтечат. Кога излегов, сите зборуваа дека сум наркоман. Никој не зборуваше дека д'ткам и јас бев среќен. Викам, добро е, нека зборуваат дека сум наркоман, само да не зборуваат дека д'ткам. Замисли што се случува во главата на едно младо дете, што има условно кажано таков проблем. 

Замисли тоа колку е голем филмот, колку ќе помогне тој филм. Не овде, тој ќе помогне сегде. Значи, нема во светот некој друг случај каде што некое дете го изгубило ритамот на говорот и го нашло овој музички ритам. Навистина самата приказна е голема. Јас не би сакал да ја имам, ама ми се случила. Сум ја изживеал, сум ја истерал низ животот. Веќе сум зрел, сум се помирил. Тоа е тоа. И сега тоа да биде извалкано така со нешто толку гадно...

Ми е криво што немам поддршка. Мене не ми треба парична поддршка од самата држава. Мене ми треба морална поддршка. Да излезат да ми кажат дете ова е добро што си го спремил. Тоа ми е криво дека дома не ти викаат браво, направи нешто, терај понатаму, заедно со тебе сме. А ќе отидеш некаде и ќе ти речат еве повели... - вели Слаткар.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Pretres.mk (@pretres.mk)

Слаткар рече дека бил навреден од реакциите по одлуката на Агенцијата за филм да го поддржи неговиот документарен филм, бидејќи намерата му била добра. Поради тоа, решил да се откаже од средствата кои тој ги нарекува „колнети пари“.

Тоа е исто како „Медена земја“ да добие пари и ти да ги пцуеш пчелите... Мислам онака буквално. Во оваа ситуација не знам ти дали си свесен дека јас добив најмалку пари... Тоа се колнети пари и подобро е да се тргнеш од нив - додаде тој.

Tags
Марко Маринковиќ-Слаткар

Најнови

  • Сложни бивши: Ерос Рамацоти со поранешната сопруга прегрнати и емотивни на свадбата на нивната ќерка Аурора

    Mon, 07/06/2026 - 10:15
  • Тамара Чуприна во кратко црно фустанче го прослави 30-тиот роденден покрај сопругот Дарко Велковски и синчињата

    Mon, 07/06/2026 - 09:37
  • „Сите зборуваа дека сум наркоман и јас бев среќен затоа што не велеа дека д'ткам“: Слаткар искрен за пелтечењето

    Mon, 07/06/2026 - 09:10
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.