• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Ниту барав, ниту мене ми се доделени пари“: Слаткар по бурните реакции сподели дека филмот за неговиот живот ќе се снима БЕЗ одобрените средства

3 јуни 2026, 08:37
  • cподели

Одлуката на Агенцијата за филм да поддржи документарен филм за животот на Марко Маринковиќ - Слаткар деновиве предизвика бурни реакции на социјалните мрежи и поделени мислења. Додека едни сметаа дека филм за урбана икона која влијаеше на цели генерации е оправдан проект, други упатија критики, сметајќи дека државните буџетски средства треба да се насочат кон поинакви филмски остварувања.

По ваквите реакции, се огласи и популарниот рапер:

„Ниту барав, ниту мене ми се доделени пари... Не сакам проектот кој зборува за разбирање, прифаќање и поддршка да започне со поделби“ - напиша тој, откривајќи дека тимот одлучил да го реализира филмот БЕЗ одобрените државни средства.

Слаткар најави дека приказната сепак ќе се раскаже со помош на пријателите и публиката, завршувајќи со моќната порака: „Светот ќе го чуе гласот на најтивките“.

Слаткар

Пораката на македонскиот музичар ви ја пренесуваме во целост:

Деновиве читам секакви коментари и вести. И повторно гледам колку лесно судиме, а половично знаеме или воопшто не знаеме.

Сакам една работа да биде јасна... ниту барав, ниту мене ми се доделени пари.

Поддршка доби документарен филм и еден многу посветен тим кој веќе две години работи на приказна што преку мојот живот зборува за многу повеќе од мене.

И искрено сум благодарен на Комисијата од @filmagency.northmacedonia која ја препозна важноста на оваа тема. Но, не сакам проектот кој зборува за разбирање, прифаќање и поддршка да започне со поделби.

Затоа одлучивме филмот да се реализира без средствата доделени од Агенцијата за филм.

Продолжуваме понатаму… Заедно со сите наши поддржувачи, соработници и пријатели на кои сум им неизмерно благодарен. 

И со најважната поддршка од вас луѓето кои ме сакаат, почитуваат и ценат ❤️

Светот ќе го чуе гласот на најтивките 💯

Се гледаме на премиера.

На социјалните мрежи се огласи и сопругата на Слаткар, Сања Николиќ. Таа напиша: „А приказната зад камерите е поинаква... секогаш искрена, но понекогаш доста тешка. И тој... еден и свој“.

Сања Николиќ со поддршка на Слаткар
Tags
Марко Маринковиќ-Слаткар

Најнови

  • Спортистка и атрактивна дама: Ана Ивановиќ уживаше во Портофино, го живее животот до максимум по разводот

    Wed, 06/03/2026 - 09:16
  • „Ниту барав, ниту мене ми се доделени пари“: Слаткар по бурните реакции сподели дека филмот за неговиот живот ќе се снима БЕЗ одобрените средства

    Wed, 06/03/2026 - 08:37
  • Викторија Коцева

    Викторија Коцева со „Тој ми треба“ смело влегува на македонската музичка сцена

    Wed, 06/03/2026 - 00:22
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.