• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Сите сме лоши пријатели во моментов“: Текст на блогерка за пријателствата сред пандемија

27 јануари 2021, 08:50
  • cподели

Пандемијата ни го наруши нормалниот начин на живот и несомнено се одрази на нашите пријателства.

Даниел Шерман напиша текст во кој потсетува дека не треба да им се лутиме на пријателите ако не се покрај нас кога ни требаат, бидејќи во моментов сите се соочуваме со свои проблеми.

Пријателки

Не треба да се лутиш. Секој е лош пријател во моментов.

Тоа ми го рече член од семејството неодамна и навистина се согласувам.

Следи ме накратко:

Крени ја раката ако некогаш си била лоша пријателка.

Сите сме биле.

Крени ја раката ако си имала намера да бидеш лоша пријателка.

Мислам дека никој немал таква намера.

И јас сум била лоша пријателка.

Лоша пријателка сум кога имам лоша анксиозност и помислувам дека ако се оддалечам од децата, ќе им се случи нешто лошо, а јас нема да бидам покрај нив за да ги утешам. Поради тоа, луѓето не можат да сметаат на мене.

Бидејќи ги откажувам плановите и се повлекувам.

Лоша пријателка сум кога имам ужасна депресија. Не можам да се мотивирам себеси да ги правам нештата кои претходно сум сакала да ги правам.

Престанувам да се јавувам. Си мислам дека ме мразиш, бидејќи јас се мразам. И се повлекувам.

Лоша пријателка сум кога животот ќе ме совлада. Кога имам премногу обврски и не можам да видам подалеку од мојата листа со обврски.

Не враќам на пораките и се повлекувам.

Ако ја гледате шемата тука, сите ние сме „лоши пријатели“ кога минуваме низ тежок период. Ние сме најдобрите пријатели што можеме во тој момент, но тоа можеби не е доволно за нашите пријатели, или пак, можеби не е она на што тие се навикнати.

А во овој момент, сите минуваат низ тешкотии.

Сите се изолирани во сопствен балон од проблеми: потенцијална зараза со КОВИД, социјална неправда, депресија, анксиозност, зависност, стрес, совладани од она што се случува итн.

Сите ние сме луѓе и самото постоење е доволно тешко, дури и без глобална пандемија. Па не е чудо што сите сме лоши пријатели во моментов.

Затоа, да покажеме милост кон нашите пријатели.

Тие се исти како тебе, го даваат најдоброто од себе во ова тешко време.

Tags
пријателство
пандемија

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.