„Сине, едвај те чекаме“: Тамара Тодевска сподели фотографии од трудничкото стомаче во 9. месец од бременоста
Иако ужива во бременоста, Тамара Тодевска со нетрпение го чека моментот кога ќе се породи за да го запознае своето синче. 33-годишната пејачка сподели нови фотографии од трудничкото стомаче во деветтиот месец од бременоста.
„Од сите права на жените, да се биде мајка е најсилното!!! Сине, едвај те чекаме“ – стои во описот. Неодамна, Тамара откри дека бебенцето ќе го добие името Дарен.
Ова ќе биде второ дете на Тамара и Александар Димитровски - Мачка, кои се родители и на 2-годишната Хана.