• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Сигурно ја знаете кривата кула во Пиза, но дали сте чуле за кривите кули во Болоња?

9 јуни 2023, 08:25
  • cподели

Болоња крие многу атракции кои до ден-денес ги привлекуваат туристите. Дел од нив се кривите кули Асинели и Гарисенда, кои потсетуваат на познатата крива кула во Пиза.

Овие објекти биле изградени во 11 век од семејствата Асинели и Гарисенда, по кои и биле именувани.

Во минатото, моќните семејства граделе високи кули кои го претставувале нивното богатството. Колку повисока кулата – толку поголем престиж. Денес, во Болоња се останати само овие две кули и истите се симболи на италијанскиот град.

Кривите кули во Болоња Кривите кули во Болоња

Во четиринаесеттиот век, помалата кула Гарисенда била скратена околу 12-тина метри, со цел да се спречи нејзиното рушење. Денес, таа има висина од 48 метри и е повеќе накосена.

Кулата Асинели најпрво била изградена со висина од 70-тина метри, а подоцна била доградена и денес е висока 97,2 метри. Во 14 век, Асинели преминала во сопственост на градот и се користела како затвор и мало упориште. Во овој период, била додадена дрвена конструкција околу кулата на висина од околу 30 метри над земјата. Бил поставен мост кој ги поврзувал двете кули, но истиот подоцна бил уништен за време на пожар.

Сите туристи имаат можност да се искачат на врвот на кулата Асинели и да уживаат во прекрасниот панорамски поглед на градот. До врвот водат 498 скали.

Кривите кули во Болоња Кривите кули во Болоња Кривите кули во Болоња Кривите кули во Болоња Кривите кули во Болоња
Tags
патување

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.