• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Северина во бело на изложба за 100-тиот роденден на незаборавната Мерилин Монро

3 јуни 2026, 12:59
  • cподели

Северина беше меѓу гостите на изложбата на уметникот Димитрије Поповиќ, посветена на една од најголемите холивудски икони на сите времиња, Мерилин Монро. 

Хрватската пејачка шармираше во бела комбинација која беше често присутна и во стилот на американската актерка, чие вистинско име е Норма Џин.

Северина не ја криеше возбудата од уметничките дела и преку емотивна објава сподели впечатоци од вечерта која ја одбележа 100-годишнината од раѓањето на легендарната актерка.

„Некои жени никогаш не заминуваат. Остануваат меѓу кадрите, во песните, фотографиите и сеќавањата на генерациите што доаѓаат...

Завчера имав можност да ја доживеам изложбата на Димитрије Поповиќ посветена на 100-годишнината од раѓањето на Мерилин Монро, жена која беше многу повеќе од симбол на убавината.

Зад насмевката која го освои светот се криеја нежност, ранливост, сила и вечна потрага по љубов и припадност. Секое од овие дела открива нов слој од нејзината приказна, потсетувајќи нè колку големите икони всушност (биле) луѓе од крв и месо, со свои соништа, стравови и копнежи...

...и самата имав среќа да бидам модел на Димитрије, среќа што и на тој начин ќе останам забележана (ако не по ова со кое се занимавам, тогаш барем во сликарството 😂)...“

Мерилин Монро, родена како Норма Џин Мортенсон на 1 јуни 1926 година, останува една од најпрепознатливите личности во историјата на филмот и поп-културата. 

Иако животот ѝ заврши прерано во 1962 година, на само 36-годишна возраст, нејзините лик, харизма и влијание продолжуваат да инспирираат генерации ширум светот.

Tags
Северина
Мерилин Монро

Најнови

  • Северина во бело на изложба за 100-тиот роденден на незаборавната Мерилин Монро

    Wed, 06/03/2026 - 12:59
  • ВИДЕО: Тамара Тодевска вистинска музичка дива во спотот за новата песна „Drama Queen“

    Wed, 06/03/2026 - 12:07
  • Хуманитарни акции

    „На крајот од секоја акција се чувствуваме исполнето“: Мрежа хуманитарци 25 години менува судбини во Македонија

    Wed, 06/03/2026 - 11:33
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.