• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Сестрите Митевски и актерот Никола Ристановски на премиерата на филмот за Мајка Тереза во Венеција добија силни аплаузи

29 август 2025, 09:39
  • cподели

Со долг аплауз и стоечки овации, филмот „МАЈКА“ на Теона Стругар Митевска ја имаше својата светска премиера на 81-вото издание на Филмскиот фестивал во Венеција.

Сестрите Теона и Лабина Митевски заедно со актерот Никола Ристановски изгледаа елегантно на црвениот тепих покрај останатите членови на актерската екипа.

МАЈКА МАЈКА МАЈКА

Во главната улога на филмот блесна Номи Рапас, која ја прикажува идната Мајка Тереза. Покрај Лабина и Никола, актерската екипа ја сочинуваат и Силивија Хукс, Екин Чорапчи и Марајке Пиној. Сценариото го потпишуваат Гоце Смилевски, Теона Стругар Митевска и Елма Татарaгиќ, а зад камерата стои наградуваната Виржини Сен-Мартин.

Фотографии од премиерата беа објавени на Facebook профилот на Агенцијата за филм. Еве дел од нивниот текст:

Прикажан во преполната Sala Darsena, филмот раскажа интимна и драматична приказна за младата Тереза во Калкута, 1948 година – моментот кога таа чека одобрение од Ватикан да го напушти манастирот и да основа нов ред...

Критиките во Венеција го оценија филмот како „смело и современо портретирање“ и „најкомплексното остварување на Митевска досега“. Според самата режисерка, „МАЈКА не е класичен биографски филм, туку приказна за слободата и визијата на една храбра жена, прикажана со својата сила, амбиција и противречности.“

Номи Рапас за оваа нејзина улога вели дека е „неверојатен предизвик и патување, низ кое се нурнала во светот на Тереза за да ја пронајде личноста зад митот.“

Уште пред премиерата, филмот беше продаден за кино-дистрибуција во над 15 европски земји, меѓу кои Франција, Германија, Италија и Шпанија. Од 3 декември започнува со кино-прикажување низ Европа – ретко достигнување за македонска продукција. По Венеција, МАЈКА ќе продолжи на своето фестивалско патување, а за македонската публика ќе биде прикажан на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола, од 20 до 26 септември.

Оваа премиера претставува уште еден голем успех за македонската кинематографија и отвора пат кон меѓународната сцена – не само за филмовите на Теона Стругар Митевска, туку и за идните генерации кои доаѓаат.

МАЈКА МАЈКА МАЈКА МАЈКА МАЈКА

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.