Сите добро ги знаеме симптомите како што се: затнат нос, кивање, тешкотии во дишењето во текот на денот, а и во текот на ноќта. Истите се непријатни и го отежнуваат нашето секојдневие.
Ваквите проблеми со носот секако не се опасни, но го намалуваат квалитетот на животот. Овие проблеми се јавуваат 2-5 пати годишно кај возрасните и многу почесто кај децата. Што се случува? Носот е прва одбрана на телото против надворешните влијанија како што се: бактерии, вируси, алергени, загадување, дим и честички од прав.
Носната слузница го филтрира воздухот и го навлажнува и затоплува ладниот воздух. Кога ќе се пробие првата одбрана на носот, може да се појави воспаление на носната слузница. Се карактеризира со комплекс од симптоми: чешање на носот, кивање, течење на носот и носна конгестија. Како напредуваат симптомите? Првите неколку дена, носот создава водена назална секреција. Подоцна станува обилна и потемна, пропратена со кивање. Ако првите симптоми не се третираат правилно, можно е симптомите да се влошат и да дојде до блокирање на носот и синусите. Покрај тоа може да се развие компликација – ширење на инфекцијата преку Евстахиевата туба на други делови како што е средното уво.
Што можеме да направиме?
Со оглед на опишаните проблеми сите сакаме да бидеме згрижени ефикасно, но се разбира со нежност и чувствителност. Оваа нежност ја очекуваме од луѓе со кои сме опкружени, но и од производот кој го користиме за да се ослободиме од овие досадни симптоми. Се препорачува спреј кој ги комбинира и двете активни состојки: со напредниот состав и комбинацијата 2 во 1 на ксилометазолин и декспантенол се постигнува двоен ефект.
Спрејот за нос СептаНазал на КРКА содржи две активни состојки кои го овозможуваат тој двоен ефект.
Ксилометазолин ефикасно го намалува отокот на носната слузница и на тој начин го одзатнува носот. Од друга страна декспантенолот ја обложува и штити носната слузница и овозможува зараснување на мали рани. Конечно – олеснување! Вашиот нос е одзатнат и излекуван. Назалните симптоми се минато и вашата носна слузница функционира повторно подобро. Можете да дишете слободно преку нос.