• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

„Ми шиеја влошки за доилки“: Барбара Палвин за реалноста зад дефилирањето на ревија на Victoria’s Secret 6 недели по породување

27 октомври 2026, 11:15
  • cподели

Само 6 недели по раѓањето на ќеркичката, Барбара Палвин се врати на модната писта на Victoria’s Secret, воодушевувајќи со својот изглед и самоувереност.

33-годишната унгарска манекенка сподели искрен текст во кој сподели дека зад гламурозните фотографии, блескавите креации и крилјата се крие секојдневие кое изгледа многу поинаку.

Барбара откри дека зад сцената ѝ шиеле влошки за доилки во градниците, бидејќи ја дои ќеркичката Силви. Убавата манекенка истовремено испрати и важна порака за мајчинството, постпородилното закрепнување и поддршката која им е потребна на жените.

Навистина е потребно цело едно село 🤍

Се чувствувам неизмерно благословена што ја имам љубовта и поддршката од семејството и пријателите во ова ново поглавје од мојот живот. Без вас немаше да успеам.

Огромна благодарност до Victoria’s Secret што ме прифатија токму таква каква што сум во овој постпородилен период и ми помогнаа да се чувствувам убаво и самоуверено. Мислам, буквално ни шиеја влошки за доилки во градниците зад сцената! 😂 Мал потсетник за реалноста која се крие зад сиот гламур.

Враќањето на работа беше мој избор, за кој сум среќна што имав можност да го направам. И иако сум неизмерно благодарна за оваа можност, не можам, а да не помислам на сите мајки кои ја немаат таа привилегија да избираат. Во САД, од многу жени се очекува да се вратат на работа само 6-8 недели по породувањето, честопати без платено породилно отсуство. Мајките заслужуваат повеќе време, поголема поддршка и повеќе можности за избор.

Горда сум на овој момент и на она што го постигнав, а среќна сум што повторно сум во нашето мало меурче со Силви. 🥹

Една работа која навистина сакам да ја кажам е дека секое искуство по породувањето е различно и никоја од нас не треба да чувствува потреба да се споредува со другите. На модната писта ме видовте целосно дотерана, но моето секојдневие по породувањето изгледа сосема поинаку. Во некои денови ми изгледа како огромно достигнување само да најдам време да се истуширам или да седнам на раат да изедам оброк.

И тоа заслужува да се прослави.

Зашто, без разлика дали чекорите по модна писта, се враќате на работа или едноставно се обидувате да преживеете уште една непроспиена ноќ, сите имаме една неверојатна работа заедничка: создадовме чудо. И само тоа е доволно за да заслужува прослава.

Мајчинството е тешко, прекрасно, хаотично и исполнето со емоции, но и бескрајно вредно.

Ви благодарам за сета љубов. Срцето ми е полно.

Ајде, мајки! Сите сме неверојатни и даваме сè од себе. 🤍

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Barbara Palvin (@realbarbarapalvin)

Сопругот Дилан не штедеше пофалби за неа по ревијата. На розовиот тепих, 34-годишниот актер откри дека Барабара напорно се подготвувала за ревијата и се восхити на нејзината способност да се справи со секој предизвик.

„Воодушевен сум од тоа како успева да се собере и да го направи ова секојпат“ - изјави Спраус.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Victoria's Secret (@victoriassecret)

Барбара и Дилан се венчаа во 2023 година.

Tags
Барбара Палвин

Најнови

  • „Мојот живот е бајка“: Парис Хилтон со сопругот и малите деца во костими како од „Убавицата и ѕверот“

    Tue, 10/27/2026 - 11:47
  • „Ми шиеја влошки за доилки“: Барбара Палвин за реалноста зад дефилирањето на ревија на Victoria’s Secret 6 недели по породување

    Tue, 10/27/2026 - 11:15
  • Соња Михајлова

    Актерката Соња Михајлова добитничка на наградата „4-ти Ноември“ за животно дело

    Tue, 10/27/2026 - 10:23
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.