• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Шенон Доерти со емотивна фотографија од моментите кога ја губеше косата ја подигнува свеста за рак на дојка

13 октомври 2017, 10:05
  • cподели

Шенон Доерти излезе како победничка од мачната двегодишна битка со рак на дојка. 46-годишната филмска ѕвезда редовно споделуваше на Instagram фотографии од емотивните моменти и ја отвораше својата душа пред светот.

Октомври е месец посветен на подигнување на свеста за рак на дојка, па по тој повод, Шенон објави емотивна фотографија и моќна порака.

Фотографијата била направена кога таа започнала да ја губи косата како резултат на хемотерапијата.

Шенон Доерти

„Оваа слика е многу интимна за мене. Тукушто имав започнато со хемотерапија. Користев ладна капа* со надеж дека нема да ја изгубам косата. Крајниот резултат беше прамени коса во моите раце. Ми се гадеше, се чувствував како да се губам себеси.“

„Добив луѓе и изгубив луѓе. Станав слаба, станав силна. Се чувствував грда, но внатрешно поубава од кога било претходно.“

„Се сеќавам на ова како да беше вчера, како да беше пред неколку минути. Ракот има многу фази. Шок, негирање, прифаќање, лутина, презир, бунтовништво, страв, ценење, убавина. Ремисија. Дури и тогаш, фазите продолжуваат да доаѓаат. Ракот е засекогаш со тебе. Тие кои се соочиле со него знаат дека тој сè уште влијае на тебе и откако ќе го победиш, на добри и на лоши начини. Сè уште минуваш низ ролеркостер на емоции. Сè уште имаш потреба од поддршка и љубов. И сè уште можеш да го зграпчиш животот и да живееш, живееш, живееш.“

*Терапијата со ладна капа овозможува ладење на скалпот, при што се стегаат крвните садови на скалпот и лекарствата од хемотерапијата не достигнуваат до фоликулите на влакната. Идејата е пациентите да зачуваат дел од косата за време на лекувањето.

Минатата година Шенон си ја избричи главата откако започна да ѝ опаѓа косата.

Шенон Доерти Шенон Доерти Шенон Доерти Шенон Доерти Шенон Доерти Шенон Доерти

Пред шест месеци таа објави дека го победи ракот, а два месеци подоцна сподели и фотографии од пораснатата коса.

Шенон Доерти Шенон Доерти Шенон Доерти Шенон Доерти
Tags
Шенон Доерти

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.