Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Шенон Доерти сподели трогателни фотографии од емотивните моменти во борбата со рак на дојка

Шенон Доерти сподели трогателни фотографии од емотивните моменти во борбата со рак на дојка

Шенон Доерти е храбра жена која отворено зборува за својата битка со рак на дојка. 45-годишната актерка постојано споделува фотографии од емотивните моменти и ја отвора својата душа пред светот за да ја подигне свеста за оваа тешка болест.

На најновите трогателни фотографии, кои Доерти ги сподели со своите обожаватели на Instagram, таа е во болница и прима хемотерапија.

Во описот на фотографијата, на која нејзиниот сопруг ја бакнува во челото, Шенон напиша: „Ракот има толку многу лица. Ова е едно од нив. Ден за хемотерапија со Курт Исвариенко покрај мене“.

Шенон Доерти Шенон Доерти

Доерти објави и фотографија со својата мајка и ѝ се заблагодари за поддршката и грижата. „Понекогаш нема ништо друго како мајчинската љубов што ќе ти помогне да се бориш понатаму. Ти благодарам мамо што секогаш си силна и што си тука за мене“ – напиша ѕвездата од популарната серија „Беверли Хилс 90210“ во описот.

Шенон со мајка сиШенон со мајка си Шенон со сопруготШенон со сопругот

Пред еден месец, Шенон преку емотивни фотографии сподели дека си ја избричи главата.

Шенон Доерти Шенон Доерти Шенон Доерти Шенон Доерти Шенон Доерти Шенон Доерти

Шенон се прослави со улогата на Бренда Волш во серијата „Беверли Хилс 90210“, а подоцна и како Пру во серијата „Волшебнички“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11083 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.