• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Семејство со хумана одлука спаси два човечки живота: Две нови трансплатации на органи во Македонија

12 август 2026, 13:45
  • cподели
Органодарителство

Министерството за здравство сподели нова позитивна приказна за две успешно извршени трансплатации на органи во нашата земја.

Семејството на починатиот донор, во најтешките мигови, донело хумана и несебична одлука да ги донира органите, кои од вчера значат нов живот за двајца пациенти.

Од Министерството објавија:

Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство - едно семејство со хумана одлука спаси два човечки живота.

Постојат одлуки што ја менуваат смислата на зборот „живот". Одлуки донесени во најтешките мигови, кога болката е најголема, а срцето сепак избира да даде согласност.

Токму таква одлука, донесена од едно семејство минатиот месец, денес значи нов почеток за двајца пациенти. Со нивната хумана согласност за органодарителство, беше извршена трансплантација – и два живота добија нов, квалитетен продолжеток.

Зад секоја трансплантација стои приказна за храброст. Приказна за семејство, кое во моментот на најголема загуба, помислило на некој друг. И приказна за пациенти кои денес дишат, живеат и се враќаат кон своите најблиски благодарение на тој гест.

Органодарителството не е само медицински чин, тоа е чин на длабока човечност. Секое „ДА" за донирање е потенцијална втора шанса за некој што чека.

„Секоја трансплантација е доказ дека и во најтешките мигови луѓето наоѓаат сила да мислат на другите. Благодарност до секое семејство што избра да подари живот, потенцира министерот за здравство, Сашо Клековски.

„Зад секојa трансплантација стои тим, но пред сè стои една хумана одлука. Таа одлука е она што го прави можно чудото на новиот живот, порачува проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.

Во пресрет на 13 август - Светски ден на органодарителство, се приклучуваме на светската иницијатива за подигнување на свесноста за значењето на дарувањето органи и им се заблагодаруваме на сите семејства кои со својата одлука подариле живот.

❣️Бидете дел од промената. Бидете причина за нечиј нов почеток.“

Tags
органодарителство

Најнови

  • Органодарителство

    Семејство со хумана одлука спаси два човечки живота: Две нови трансплатации на органи во Македонија

    Wed, 08/12/2026 - 13:45
  • Џамбазов и Левенска со моќен перформанс: „Еве ја таа проста земја што ги научи и ѕвездите да шепотат на македонски, а никој не ја знае“

    Wed, 08/12/2026 - 13:26
  • Ана и Игор Дурловски

    Оперскиот пар Игор и Ана Дурловски со моќна изведба на „Љуби ме и главата горе“ во Битола

    Wed, 08/12/2026 - 11:55
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.