Виктор Апостоловски во празничните денови ужива во новата улога на татко.
Македонскиот пејач објави празнични фотографии со најсаканите – сопругата Милена и новородениот син.
„Среќна Нова од фамилија Апостоловски! Само убајни кај сите!“ – напиша тој во описот.
На празничните фотографии парот е во домашна атмосфера покрај накитена елка, а нивното бебенце носи слатка дедомразовска капа.
Малиот Адам се роди пред еден месец, кога Виктор возбудено соопшти: „Фала ти Господе! И фала ти женче мое најубо. Ве љубам!“
Виктор ја запроси Милена во јануари 2023 година, а стапија во брак во јуни истата година. Изминатиов октомври со фотографии споделија дека ќе станат родители.