На чекор до 50-тата година: Хелена Роза во припиен виолетов фустан на настан за женското лидерство
Хелена Роза беше дел од настан во Окленд посветен на женското лидерство, инспирацијата и моќта на жените да создаваат позитивни промени.
На чекор до 50-тата година, шармантната водителка покажа дека самодовербата и личниот стил се безвременски. Припиениот виолетов фустан ѝ ја истакна фигурата, а бојата се вклопи со тематиката на настанот.
На Instagram, Роза сподели фотографии од средбата.
Настанот „Women’s Leadership Dialogue“, организиран од Beauty Rush, ги обедини жените околу идејата за лидерство со цел, меѓусебна поддршка и инспирација. Во фокусот беа моќните лични приказни, размената на искуства и разговорите за тоа како жените можат да поттикнат значајни промени во своите заедници и пошироко.
„Кога жените ги поддржуваат жените, можностите стануваат неограничени“ - е пораката која ја пренесоа.
Хелена веќе неколку години живее во Нов Зеланд со семејството.