Предавање под есенското сонце наместо во училница: Професорка во Скопје ги одушеви студентите
Наместо да го одржи предавањето во класична училница, професорката Викторија Постоловска од Филолошкиот факултет во Скопје одлучи да ги изнесе своите студенти на отворено и да им приреди академски час кој ќе го паметат.
Десет студенти од трета година на Катедрата за англиски јазик и книжевност уживаа во предавање под есенското сонце, во дворот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
„POV: Имаш Gen Z професорка и предавањето се сели на сонце. Кој рече дека предавањата мора да имаат четири ѕида? Учење под есенското сонце на Филолошкиот факултет (Англиски јазик, трета година, Преведување и толкување)☀️🍂“ – стои во описот на споделената објава на Instagram профилот на „Студентарија мк“.
Симпатичниот потег на професорката предизвика позитивни реакции на социјалните мрежи и многумина ја пофалија нејзината креативност и непосредниот пристап кон студентите.
„Сакам пак на факс само за Викторија да ми е професорка 🥹🌞“
„Секоја чест! Браво, и авторитет и професорка и другар... Реткост во денешно време 👏👏👏“
„Врв“, „Топ“ – се само дел од реакциите.