• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Селското ќе го имам цел живот, се гордеам со мојот Тимјаник“: Тоше Зафиров им возврати на оние кои го нарекуваат „сељак“

27 мај 2026, 11:06
  • cподели

Тоше Зафиров не остана рамнодушен на навредите упатени кон него во коментарите на социјалните мрежи.

Македонскиот бодибилдер сними видео во кое им се обрати на сите оние кои го нарекуваат „сељак“ или „сељачиште“ само за да ги потсети дека тоа воопшто не го смета за навреда и дека се гордее со своето потекло.

Тоше е роден во село Тимјаник, Неготино, но повеќе од 25 години живее и работи во Скопје, каде има и свој фитнес центар.

Во видеото, тој вели:

Кога го пишувате тоа сељак, кај мене само будите едни добри времиња од моето детство, време кое ми било едно од најубавите поминати во животот. Време со моите родители, мојот починат татко и мојата мајка. Тоа селското да, го имам и ќе го имам цел живот на мене, затоа што јас до мојата 20-та година живеев во Тимјаник... Тоа сељак не ме навредува... 

Јас живеам во Скопје повеќе од 25 години, допринесувам и сакам да допринесам за нашето Скопје, сепак се чувствувам дека сум дел од ова Скопје, живеам овде и овде ми се родени децата. Но, јас сум роден во Тимјаник, јас сум тоа што сум и со тоа сељак нема да ме навредите. Напротив, само ќе ги побудите тие чувства на моето детство, на моите убави спомени.

А кога пишувате сељак, што размислувате за вас? Каква вредност имате вие? Колку вредите вие? Што имате направено прво за вашето семејство, а потоа и за оваа наша прекрасна држава? Што добро имате направено вие за ова општество? За мене луѓе кои коментираат на туѓи профили се тешки психопати, кои не се исполнети во својот живот, кои се празни...

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Tode Zafirov (@tosezafirov)

Еве го и неговиот текст во описот:

Некои луѓе мислат дека ако ќе те наречат „селјак“ — те навредиле.
А јас секогаш само се насмевнувам…  
Затоа што тие не знаат дека со тој збор мене не ме навредуваат.

Ме потсетуваат на моето детство.
На моите најубави и најчисти години.
На мојот Тимјаник.
На мирисот на земјата после дожд.
На искрените луѓе.
На чесниот живот.
На моите родители.
На мојот татко… човек кој неизмерно го сакав и почитував.

Тие не знаат дека токму од тоа „село“ излегов како човек.
Таму научив што е труд.
Што е почит.
Што е чесност.
Што значи да му помогнеш на човек без интерес.
Што значи да седнеш со луѓе со чисто срце и мирна душа.

И затоа никогаш нема да се засрамам од тоа од каде доаѓам.
Напротив… ќе бидам горд до крајот на животот.

Бидејќи човек не го прави голем градот во кој живее,
туку срцето што го носи во себе.

А јас секогаш ќе останам тоа што сум — дете од Тимјаник, со душа што не ја продал за туѓо мислење.

Тоше е во брак со бодибилдерката Габриела и заедно имаат една ќерка, Ангела.

Тоше и Габриела Зафирови

Tags
Тоше Зафиров

Најнови

  • Среќна по разводот: Џесика Алба со 12 години помладиот дечко на плажа во Мајами

    Wed, 05/27/2026 - 12:00
  • „Селското ќе го имам цел живот, се гордеам со мојот Тимјаник“: Тоше Зафиров им возврати на оние кои го нарекуваат „сељак“

    Wed, 05/27/2026 - 11:06
  • „Ружа са југа“: Спотот на Бобан Рајовиќ за песната посветена на Македонија снимен на наши прекрасни локации

    Wed, 05/27/2026 - 10:55
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.