Аделина Тахири максимално ги користи топлите летни денови за одмор и уживање покрај море. Познатата пејачка на својот профил на Instagram објави серија фотографии од летувањето, на кои позира во впечатливи модни комбинации.
35-годишната инфлуенсерка повторно привлече големо внимание со својата феноменална фигура. Во секси бикини ги истакна тонираните стомачни мускули и долгите витки нозе, а следбениците не штедеа комплименти за нејзиниот изглед.
Аделина од бракот со адвокатот Серјожа Марков го има синот Јон, кој наскоро ќе го прослави својот осми роденден.
Семејството моментално одмара низ луксузните ресорти во Грција, а ова не е нивното единствено патување сезонава. Имено, на почетокот на јуни тие престојуваа и во Египет.